| Macedonian
Дневни блиц вести 01.10.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 01.10.2025
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан, денес сме среда 1 октомври

Опасни маневри околу хуманитарната флотила за Газа, а САД ќе го намали военото присуство во Ирак

Слушате блиц вести на ТРТ Балкан, денес сме среда 1 октомври

Флотилата за Газа соочена со опасни маневри на израелската морнарица

Контактот со бродот „Алма“ дел од глобалната хуманитарна флотила за Газа е обновен откако беше изгубен за кратко време, по изведените опасни маневри на заплашување од израелската морнарица. Со слична ситуација се соочил и бродот „Сирус“. 

Тајван негира дека 50 отсто од производството на чипови го преместува во САД

Тајван ги отфрли наводите дека се согласил да произведува 50% од своите полупроводници во САД. По враќањето од Вашингтон, вицепремиерката Ченг Ли-јунг рече дека нивниот преговарачки тим никогаш не презел таква обврска и тоа не било дискутирано.

Германија повторно одобри воена испорака за Израел

Германската влада повторно одобри испораки на оружје за Израел по делумната забрана поради геноцидната војна на Тел Авив во Газа. Вредноста на извозот на оружје изнесувала најмалку 2,46 милиони евра, соопшти Министерството за економија како одговор на парламентарното прашање на опозициската Левичарска партија.

Суспендирани владините служби на САД по буџетската расправа на Трамп и опозицијата

Владата на САД официјално запре со работа утринава откако не е постигнат договор во преговорите меѓу претседателот Доналд Трамп и демократите во Конгресот за финансирање на државата. Голем број федерални службеници ќе бидат на принуден одмор или ќе работат без плата.

И за крај на денешниот блиц...

Воената коалиција предводена од САД ќе го намали присуството во Ирак

САД и нивните коалициски партнери ќе ја намалат својата воена мисија во Ирак, објави Пентагон. Намалувањето одразува „комбиниран успех“ во борбата против ИСИС и пообемен напор за транзиција кон долгорочно безбедносно партнерство меѓу САД и Ирак.

Тоа беше се за денешните блиц вести. Следете ги социјалните мрежи на ТРТ Балкан за повеќе информации.

Слушни повеќе
Дневен блиц за 22.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите