Најмалку 14 убиени и 25 ранети во новите израелски напади на Газа, Трамп најави дека САД повторно ќе ги нападнат иранските нуклеарни објекти ако е потребно, Франција подготвува нов пакет санкции кон Русија, глобалните температури во пораст. Следите Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за вторник 22 јули.
Најмалку 14 убиени и 25 ранети во израелските напади во Газа
Најмалку 14 лица беа убиени, а 25 ранети денеска наутро кога израелски воени авиони нападнаа шатори во кои се сместени раселени Палестинци во бегалскиот камп Шати во северна Газа, соопштија медицински извори.
Според официјалната палестинска новинска агенција ВАФА, жртвите - вклучувајќи жени и деца - биле однесени во болницата Шифа во градот Газа по воздушниот напад пред зори.
УНИЦЕФ предупредува за влошување на ситуацијата со гладот во Газа
Фондот за деца на ОН (УНИЦЕФ) издаде остро предупредување за влошувањето на кризата со глад во Појасот Газа, нарекувајќи ја „катастрофа предизвикана од човекот“, бидејќи израелската блокада за помош води до фатална неухранетост кај децата.
„Гладот е широко распространет во Газа и луѓето умираат“, објави агенцијата на X, опишувајќи мрачна слика за секојдневниот живот под израелската опсада.
Забележувајќи дека „фаталната неухранетост кај децата достигнува катастрофални нивоа“, УНИЦЕФ објави дека „храната е опасно оскудна, а чистата вода е под нивоата за вонредни состојби“.
Трамп: Вашингтон повторно ќе ги нападне иранските нуклеарни објекти доколку е потребно
Американскиот претседател Доналд Трамп ги бранеше американските напади врз три ирански нуклеарни објекти од минатиот месец, предупредувајќи го Техеран дека Вашингтон повторно ќе нападне „доколку е потребно“.
„Ќе го направиме тоа повторно, доколку е потребно!“ напиша Трамп на платформата Truth Social вчера, одговарајќи на забелешките на иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, дека објектите се „сериозно оштетени“.
Франција подготвува нов пакет санкци кон Русија
Француското Министерство за надворешни работи започна со подготовка на предлози за нов пакет санкции на ЕУ против Русија, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
Тој истакна дека станува збор за санкции на ниво на ЕУ, а не конкретно на Франција, бидејќи, како што изјави, економската тежина на сите земји од Унијата ќе овозможи притисок врз Русија.
„Ова ќе се направи во координација со Соединетите Американски Држави со цел да се прекинат непријателствата и да се започнат преговорите“, додаде Баро.
Глобалните температури во пораст побарувачката на клима уреди може да се зголеми тројно до 2050
Глобалните температури постојано растат, а побарувачката за клима уреди низ целиот свет би можела да се зголеми тројно до 2050 година, според извештај објавен денеска од Институтот за економски истражувања ИФО во Минхен.
Експертите истакнуваат дека без итни и координирани мерки, климатските промени не само што ќе предизвикаат поголема топлина, туку и подлабока енергетска нееднаквост.
Денес, само 27 проценти од домаќинствата низ целиот свет имаат пристап до климатизација. До средината на векот, таа бројка би можела да се искачи на 55 проценти, но распределбата нема да биде рамномерна.
Тоа беше се за денешните блиц вести. За пвеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.
