| Macedonian
Дневни блиц вести 08.07.2026
00:00
00:0000:00
Свет
Дневни блиц вести 08.07.2026
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е среда 8 јули

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте ги оцени американските напади врз Иран како неопходен одговор на нарушениот прекин на огнот. Вашингтон соопшти дека извршил напади по инциденти во Ормускиот Теснец; мексикански државјанин загина за време на акција на ИЦЕ во Хјустон. Техеран предупреди дека американските бази во регионот може да станат цели доколку тензиите продолжат.

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е среда 8 јули

Рутe: Новите американски напади врз Иран беа апсолутно неопходни

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека новите американски напади врз Иран биле „апсолутно неопходни“, оценувајќи дека Вашингтон морал решително да реагира по, како што изјави, кршењето на прекинот на огнот од страна на Иран. „Кога имате прекин на огнот, а Иран во основа го крши, мислам дека е апсолутно клучно Соединетите Американски Држави силно да реагираат“, изјави Руте пред новинарите пред самитот на лидерите на НАТО во Анкара.

САД извршија напади врз Иран по нападите врз бродови во Ормускиот Теснец

Американската војска изврши серија напади врз Иран како одговор на наводните ирански напади врз три комерцијални брода што транзитирале низ Ормускиот Теснец, објави денес американската Централна команда (ЦЕНТКОМ). „Американските напади се одговор на иранските напади врз три комерцијални брода во Ормускиот Теснец. Покажаната агресија на Иран е неоправдана, опасна и претставува јасно прекршување на прекинот на огнот“, се додава во објавата на ЦЕНТКОМ.

Мексикански државјанин убиен за време на рација на ИЦЕ во Хјустон

Припадници на американската Служба за имиграција и царина (ИЦЕ) убиле мексикански државјанин за време на интервенција во Хјустон, соопшти денес агенцијата, наведувајќи дека пукањето се случило откако мажот наводно се обидел да удри еден од полицајците со возило. Според соопштението на ИЦE, полицајците се обиделе да сопрат возило управувано од Лоренцо Салгадо Араухо, за кој се вели дека нема регуларен имиграциски статус во Соединетите Држави.

Иран: Сите бази на САД во регионот се легитимни цели ако продолжи прекршувањето на прекинот на огнот

Иранската војска денес соопшти дека сите американски бази низ регионот ќе станат „легитимни цели“ за нивните беспилотни летала доколку Вашингтон продолжи да го прекршува договорот за прекин на огнот, објавија иранските државни медиуми. Во соопштението пренесено од државниот сервис ИРИБ, армијата нагласува дека претходно денес целела кон собирните центри за американските сили во воздухопловната база Шеик Иса во Бахреин.

И за крај на денешниот блиц…

Сиљановска-Давкова пред Самитот на НАТО во Анкара: Најсилната Европа е Европа што живее во мир

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова рече дека обединета Европа е посилна Европа, но најсилната Европа е Европа што живее во мир и демократија. Сиљановска-Давкова пред 36. Самит на шефови на држави и влади на земји членки на НАТО што се одржува во главниот град на Туркије, Анкара, истакна на важноста на мирот во Европа. „Обединета Европа е посилна Европа, но најсилната Европа е Европа што живее во мир и демократија“, рече македонската претседателка.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневен блиц 04.09.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите