| Macedonian
Дневни блиц вести 18.02.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 18.02.2026
Слушате Дневни блиц вести, денес сме среда 18 февруари
18 февруари 2026

Русија и Украина ќе продолжат да разговараат за мировен договор, а кинески Шејн е под европска истрага

Слушате Дневни блиц вести, денес сме среда 18 февруари 

Виткоф: Русија и Украина ќе продолжат да работат за мировен договор

Специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД), Стив Виткоф, рече дека Украина и Русија се согласиле да продолжат со преговорите во Женева. Тој не откри повеќе детали за тоа што било разговарано и во кој правец се движат преговорите.

Зеленски: Украина е подготвена брзо да се движи кон достоен мировен договор

Претседателот на Украина, Зеленски, по новата рунда трилатерални мировни преговори изјави дека Киев е решен да ја заврши војната. „Подготвени сме брзо да се движиме кон достоен договор, но прашањето е што сакаат Русите“, рече Зеленски.

НАТО: Туркије е верен сојузник кој придонесува кон заедничката безбедност

Туркије е верен сојузник и придонесува кон заедничката безбедност, изјави портпаролката на НАТО, Алисон Харт. Според неа Туркије ја има втората најголема армија во НАТО и посочи на постојаните инвестиции во безбедноста и робусната одбранбена индустрија, како и доследните придонеси во мисиите, активностите и вежбите на алијансата.

Иран го затвори Ормускиот теснец заради воени вежби

Иран објави дека привремено го затворил Ормускиот теснец за време на воени вежби со боева муниција, додека во Женева се одржува нова рунда индиректни нуклеарни преговори меѓу Иран и САД.

И за крај на денешниот блиц…

Кинескиот онлајн шопинг сервис Шајн е под европска истрага

Европската Унија поведе истражна постапка за кинескиот онлајн шопинг Шајн затоа што пласирал забранети производи на платформата, меѓу кои и детски секс кукли кои потоа биле повлечени од продажба. Ќе се истражува и дизајнот на апликацијата кој создава навики на зависност и недостиг на транспарентност. 

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 06.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот