| Macedonian
Дневни блиц вести 16.04.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 16.04.2025
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска сме среда 16 април

Радмила Шекеринска порача дека Дејтонскиот договор мора да се почитува, а Ердгоган ја повтори поддршката за Сирија.

Шекеринска: НАТО нема да дозволи мирот во БиХ да биде загрозен

Радмила Шекеринска, заменик ген-сек на НАТО изјави дека Алијансата цврсто го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина во согласност со Дејтонскиот мировен договор и нема да дозволи тешко стекнатиот мир да биде загрозен. 

Бугарија нема да и ги продаде нуклеарните реактори на Украина

Бугарија ја прекина продажбата на нуклеарни реактори првично наменети за недовршената бугарска нуклеарна централа Белене на Украина поради загриженост за енергетската безбедност. Тие се клучни за економската независност на Бугарија и одлуката е поддржана од владејачката коалиција.

САД планира да затвори два конзулати во Босна и Херцеговина

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп размислува да затвори речиси 30 странски амбасади и конзулати додека се подготвува за значителни промени во своето дипломатско присуство во светот, вклучително и два конзулати во Босна и Херцеговина.

Словачкиот премиер ќе оди на парадата во Москва и покрај забраната од ЕУ

Словачкиот премиер Роберт Фицо го отфрли предупредувањето на еврокомесарката за надворешна политика и безбедност Каја Калас и рече дека ќе оди на прославата на Денот на победата во Москва на 9 мај и дека никој не може да му диктира каде може да патува.

И за крај на денешниот блиц

Ердоган: Туркије стои заедно со Сирија против обидите за дестабилизација

Туркије ќе се спротивстави на сите напори за спречување Сирија да постигне траен мир и стабилност, предупреди турскиот претседател Ердоган, повторувајќи ја континуираната поддршка за сириската влада.

Тоа беше се за денешните блиц вести, за повеќе посетете не на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневен блиц 10.07.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите