| Macedonian
Во последниот израелски напад врз Газа загинаа осум Палестинци, а Русија ќе ги тргне Талибанците од листата на терористи
00:00
00:0000:00
Свет
Во последниот израелски напад врз Газа загинаа осум Палестинци, а Русија ќе ги тргне Талибанците од листата на терористи
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денес сме четврток, 18 декември

Во новите израелски напади загинаа осум Палестинци, а седум се ранети. Нападот бил извршен врз куќа на северот на Газа каде се засолниле раселените семејства. Цел на нападот бил дом на семејството Батах, во кој биле сместени и раселените членови на семејствата Ашкар и Свајти, од кои повеќето жени и деца. Во меѓувреме шефот на ЦИА ќе учествува во преговорите за примирје во Катар меѓу Хамас и Израел. 

Палестинската група на отпорот Хамас ги опиша неодамнешните разговори во Доха како „позитивни и сериозни“ во напорите да се постигне договор за примирје и размена на затвореници со Израел. Хамас соопшти дека е можен договор доколку Израел престане да наметнува нови услови. Извештаите на израелските медиуми укажуваат на „напредок“ пред финалниот договор.

Турскиот потпретседател Џевдет Јилмаз ги осуди акциите на Израел во Сирија, особено проширувањето надвор од окупираната Голанска Висорамнина, нарекувајќи ги „исклучително опасни“ и штетни за стабилноста на Сирија. Јилмаз од Парламентот ја нагласи посветеноста на Туркије за поддршка на стабилноста на Сирија и го критикуваше надворешното мешање. Тој рече дека ниту една земја, особено Израел, нема право да им наштети на луѓето кои страдаа, достоинствено се спротивставија и се обидуваат да ја обноват својата земја. Додаде дека дејствијата на Израел се нелегитимни.

Игор Кирилов рускиот генерал-полковник  задолжен за силите за нуклеарна одбрана, загина во експлозија на бомба, која наводно е подметната од украинските безбедносни служби. Киев го сметаше Кирилов за воен злосторник, обвинувајќи го дека наредил употреба на забрането хемиско оружје против украинските сили и го означи како „апсолутно легитимна цел“. Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, предупреди на неизбежна одмазда за атентатот.

И за крај на денешниот блиц...

Рускиот парламент го одобри предлог-законот со кој ќе може да ги отстрани Талибанците од листата на забранети „терористички“ организации. Думата го усвои правниот механизам за промена на назнаката на терористичките групи подготвувајќи го теренот за одлука за режимот на Авганистан. За предлог-законот сега одлучува Советот на Федерацијата и, доколку биде одобрен, ќе биде испратен на потпис до претседателот Владимир Путин. 

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневен блиц за 22.05.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите