| Macedonian
Блиц вести за 09.02.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести за 09.02.2026
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за понеделник 9 Февруари.
9 февруари 2026

Израелскиот претседател во Австралија под засилени безбедносни мерки, Палестина го критикува израелското проширување на Западниот брег, Украина ќе извезува воени технологии во Европа. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за понеделник 9 Февруари.

Израелскиот претседател пристигна во Австралија под засилени безбедносни мерки

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска пристигна во Сиднеј, Австралија, во официјална државна посета, под засилени безбедносни мерки и повици на протести од пропалестинските и групите за човекови права, објавија локалните медиуми.

Набрзо по пристигнувањето Херцог ја посети плажата Бонди, каде што положи венец пред павилјонот во знак на почит кон 15 жртви во масовното пукање што се случи за време на прославата на Ханука на 14 декември 2025 година, објави Австралиската радиодифузна корпорација.

Палестина ги критикува израелските одлуки за проширување на окупираните населби на Западниот Брег

Палестинските претставници остро ги осудија новите одлуки одобрени од воениот кабинет на Израел во врска со окупираниот Западен Брег, опишувајќи ги како „опасни“, „неприфатливи“ и од „криминална природа“, предупредувајќи дека тие имаат за цел да ја продлабочат де факто анексијата и да ги поткопаат правата на Палестинците.

Палестинското претседателство, Министерството за надворешни работи и движењето Фатах изјавија дека политиките се насочени кон палестинското присуство и националните и историските права и претставуваат ескалација на израелските напори за консолидирање на контролата врз окупираниот Западен Брег.

Лавров: Русија нема намера да ја нападне Европа, но е подготвена воено да одговори

Русија нема намера да ја нападне Европа, но е подготвена да даде воен одговор од сите размери доколку е потребно, изјави синоќа рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Тој потсети на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин кој рече дека тоа нема да биде специјална воена операција туку воен одговор со сите расположиви воени средства.

Зеленски: Украина почнува да извезува одбранбени технологии во Европа

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, синоќа објави дека Украина почнува да извезува свои одбранбени технологии во Европа.

Како што рече, десет извозни центри ќе бидат оперативни во 2026 година, а производството на украински дронови ќе започне во Германија кон средината на февруари, пренесува Укринформ.

Населението на Туркије во 2025 година надмина 86 милиони

Населението на Туркије во 2025 година пораснало за 427.224 во однос на претходната година и брои 86,09 милиони, според официјалните податоци.

Машката популација изнесувала 43,06 милиони или 50,02% од вкупниот број, додека жените сочинувале 49,98% или 43,03 милиони минатата година, соопшти статистичкиот орган ТуркСтат.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 16.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите