Израелската морнарица пресретна бродови од флотилата за Газа. Цената на нафтата достигна рекордни нивоа. Поранешниот директор на ФБИ се појави пред суд во САД; Туркије остро реагира на интервенцијата врз хуманитарната флотила. Во Скопје, фокусот беше ставен на форумот за регионалното управување со отпад како клуч за одржлив развој.
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е четврток 30 април
Израел заплени и онеспособи бродови од Флотилата за Газа во меѓународни води
Глобалната флотила „Сумуд“ која се движеше кон Газа соопшти дека израелската морнарица пресретнала и онеспособила неколку од нејзините бродови во меѓународни води, оставајќи стотици цивили заглавени на отворено море додека се приближувала бура. Израелските сили „пресретнале, се качиле и систематски онеспособиле“ повеќе бродови што учествувале во флотилата.
Нафтата достигна рекордни 126 долари за барел по најавата дека САД подготвуваат напади врз Иран
Цената на глобалната референтна нафта Брент доживеа значителен пораст, достигнувајќи рекордни нивоа, откако се појавија информации дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе добие брифинг за новите воени опции во врска со Иран. Оваа ситуација сигнализира потенцијал за нова ескалација на конфликтот во Блискиот Исток, што дополнително ја зголемува нестабилноста на глобалниот енергетски пазар.
Изведен пред суд екс директорот на ФБИ кој се судри со Трамп
Поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, се појави пред федералниот суд во сојузната држава Вирџинија откако беше обвинет за објавување фотографија на социјалните мрежи од школки наредени на плажа на кои пишува „86 47“, што властите го толкуваат како порака за „елиминирање на 47 претседател на САД Доналд Трамп. Коми се појави пред судијата Вилијам Фицпатрик и беше ослободен со сопствена гаранција, пренесе весникот „Вашингтон пост“.
Туркије: Постапките на Израел против Глобалната флотила за Газа се чин на пиратство
Туркије ја нарече нелегалната интервенција на Израел врз флотилата со хуманитарна помош што се движеше кон Газа „чин на пиратство“, велејќи дека ги презема „сите потребни чекори“ во врска со своите граѓани и другите патници на бродот. „Со нападот врз Глобалната флотила Сумуд, во обид да привлече внимание кон хуманитарната катастрофа со која се соочува угнетениот народ на Газа, Израел ги нападна хуманитарните вредности и меѓународното право“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.
И за крај на денешниот блиц…
„Регионалниот план за справување со отпад е клучна алатка за решавање на проблемот со отпадот“
Клучните аспекти на одржливото управување со отпад, вклучително и регионалното планирање, инвестициите и инфраструктурата, институционалната и меѓуопштинската координација, како и вклучувањето на граѓаните во процесите, беа дел од темите на вчерашниот регионален форум за управување со отпад – „Заедно за регион без отпад: кон функционален и одржлив регионален систем“, што се одржа Скопје. Форумот се однесува конкретно на Пелагонискиот и на Југозападниот Плански Регион за управување со отпад бидејќи овие плански региони се здружени во оваа активност.
Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
