| Macedonian
Десетина Палестинци загинаа во новите израелски напади во Газа, а семејството на убиената Ејги чека средба со Блинкен
00:00
00:0000:00
Свет
Десетина Палестинци загинаа во новите израелски напади во Газа, а семејството на убиената Ејги чека средба со Блинкен
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денес сме среда, 11 декември

Во последните израелски напади врз бегалскиот камп Нусејрат во опколената Газа се убиени десетина Палестинци, откриваат медицински извори. Нападот се случи додека се чека на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации на која ќе се гласа за нова резолуција за итен прекин на огнот и ослободување на сите заложници.

Меѓународната федерација на новинари соопшти дека оваа година била „особено смртоносна“ за новинарите со 104 убиени ширум светот, од кои повеќе од половина се во Газа. 55 палестински медиумски работници биле убиени во 2024 година во текот на израелската офанзива во Газа. Од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година, убиени се најмалку 138 палестински новинари.

Тројца загинаа, а 16 се ранети во руски ракетен напад кој уништи приватна клиника во југоисточниот украински град Запорожје. Според властите под урнатините се уште има заглавени луѓе. Регионалниот гувернер Иван Федоров рече дека спасувачките операции се во тек во потрага по уште најмалку осум лица кои се заробени под урнатините.

За време на владеењето на соборениот режим на Асад во Сирија, илјадници биле подложени на тортура во десетици центри покрај затворот Седнаја. Според Сириската мрежа за човекови права, најмалку 1,2 милиони Сиријци биле притворени за време на граѓанската војна. Режимот користел 72 методи на тортура кои вклучуваат физичко, психичко и сексуално насилство. Затворениците исто така биле изложени на принудна работа и изолација, со што им биле прекршени основните човекови права.

Семејството на Американката со турско потекло, Ајсенур Ејги, убиена од Израел на окупираниот Западен Брег, ќе се сретне со американскиот државен секретар Антони Блинкен. Тие повикуваат на независна истрага предводена од САД за нејзиното убиство.  Озден Бенет, сестрата на Ејги, рече дека во последните три месеци, Блинкен и претставници на Стејт департментот постојано им велат да чекаат на Израел, владата чија армија го изврши злосторството, да ја спроведе истрагата.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневен блиц за 22.05.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите