Ќор сокак во мировните преговори за војната во Украина, а израелски министер се закани дека ќе падне Владата на Нетанјаху.
Трамп: Русија е подготвена за договор, Украина не е
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Русија е подготвена да потпише мировен договор, но дека убедувањето на Украина да се согласи е потешко од тоа што очекувал. Тој смета дека мора да се потпише договор со Зеленски и се надева дека тоа ќе се случи наскоро.
Двајца загинати, 54 повредени во руски напад врз Киев
Најмалку две лица загинаа, а 54 се ранети во руските напади врз Киев главниот град на Украина. Нјголема штетата во Свјатошински, каде избувнале шест пожари. Повеќе луѓе се заробени под урнатините на една станбена зграда, а испратени се спасувачи и медицински тимови.
Туркије и САД разговараа за зајакнување на финансиската соработка
Турскиот министер за финансии Мехмет Шимшек во Вашингтон се состана со американскиот колега Скот Бесент за зајакнување на економските врски и регионалната соработка, унапредување на инвестициите, зголемена трговија, и проекти во транспортот и енергетиката.
Во Истанбул регистрирани 127 последователни потреси, повредени 236 лица
Најмалку 236 лица се повредени во инциденти предизвикани од паника по силниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала што го погоди Истанбул. Епицентарот на земјотресот бил во областа Силиври во Истанбул, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
И за крај на денешниот блиц…
Смотрич: Владата ќе падне ако Израел не ја окупира Газа
Израелскиот министер за финансии од крајната десница, Безалел Смотрич, се закани дека Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе падне доколку армијата не ја окупира Газа и почне да ја управува. Тој побара армијата да ја блокира и хуманитарната помош.
Тоа беше се за денешните блиц вести, за повеќе посетете не на macedonian.trtbalkan.com
