| Macedonian
Блиц вести 30.10.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести 30.10.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за четврток 30 октомври.
30 октомври 2025

Кина нема да воведува контрола на извозот на ретки метали, а САД ќе ги намали тарифите за фентанил, Сирија го призна Косово, започна дистрибуцијата на гласачкиот материјал за локалните избори.

Трамп: Кси се откажа од ограничувањата за ретките метали, САД ги намалува царините за Пекинг

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговиот кинески колега Си Џинпинг се согласил да не воведува контрола на извозот на ретки метали за време на нивниот долгоочекуван билатерален состанок.

Тој рече дека се согласил да ја намали тарифата за фентанил од 20 проценти на 10 проценти затоа што Си се обврзал „сериозно да работи за да ги спречи смртните случаи што ги предизвикува оваа супстанца“.

Кси го пофали Трамп за неговите напори за мир 

Кинескиот претседател Кси Џинпинг денеска на средбата во јужнокорејскиот град Бусан го пофали американскиот претседател Доналд Трамп за неговите напори за мир.

„Го ценам вашиот голем придонес во неодамнешното склучување на договорот за прекин на огнот во Газа“, му рече Кси на Трамп.

Кси, исто така, ја истакна улогата на Трамп во мировниот договор меѓу Камбоџа и Тајланд.

Ова беше прва средба по шест години на лидерите на двете најголеми економии во светот.

Владата во Газа: Во последните израелски напади убиени 109 лица од кои 52 деца

Владата во Газа објави дека 109 Палестинци, вклучувајќи 52 деца и 23 жени, се убиени во последните израелски напади врз палестинската енклава.

Во соопштението издадено од владината канцеларија за медиуми во Газа се вели дека администрацијата во Тел Авив продолжува систематски да ги искривува фактите за да ги прикрие своите тековни злосторства против цивилите во Појасот Газа.

Израелската војска, тврдејќи дека Хамас го прекршил прекинот на огнот, синоќа започна напади врз различни делови од Газа.

 Сирија го призна Косово со поддршка од Туркије

Сирија го призна Косово како независна држава со поддршка на Туркије, објави денеска сирискиот министер за надворешни работи Асад Хасан ал-Шаибани.

Во објава на платформата на социјалните медиуми на американската компанија X, ал-Шаибани рече дека признавањето е направено „под покровителство на Саудиска Арабија и со поддршка на Туркије“, потврдувајќи дека Дамаск „го почитува суверенитетот и правото на народите на самоопределување“.

Започна дистрибуцијата на гласачкиот материјал за вториот круг од локалните избори

Денеска започнува дистрибуцијата на 1.013.357 избирачки ливчиња за вториот круг од македонските локални избори, информира Државната изборна комисија (ДИК). Вториот круг на гласање ќе се одржи во недела и ќе се бираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје.

Во сабота, 1 ноември, своето право на глас ќе можат да го остварат болните и изнемоштените лица, затворениците и лицата во домашен притвор.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com

 

 

 

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 09.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите