| Macedonian
Дневни блиц вести 23.01.2026
00:00
00:0000:00
Свет
Дневни блиц вести 23.01.2026
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е петок 23 јануари
23 јануари 2026

Трамп отвори прашање дали НАТО би ја бранел јужната граница на САД, Кина и Бразил ја нагласуваат улогата на ОН во турбулентниот светски поредок. Израел отвори артилериски оган врз Газа, бројот на жртви во пожарот во Пакистан расте

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е петок 23 јануари

Трамп: Ќе дојде ли НАТО да ја брани јужната граница на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека НАТО треба да биде „тестирано“ и да помогне во справувањето со нелегалната имиграција на јужната граница на САД. „Можеби требаше да го ставиме НАТО на тест: да се повикаме на Член 5 и да го принудиме НАТО да дојде тука и да ја заштити нашата јужна граница од понатамошни инвазии на нелегални имигранти, со што ќе ослободиме голем број агенти на граничната патрола за други задачи“, рече Трамп.

Кинескиот претседател ја нагласува централната улога на ОН во разговор со бразилскиот колега

Кинескиот претседател Кси Џинпинг во петокот ја истакна централната улога на ОН за време на телефонскиот разговор со бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва. „Соочени со турбулентниот меѓународен пејзаж, Кина и Бразил, како важни членови на Глобалниот Југ, треба цврсто да застанат на вистинската страна од историјата, подобро да ги застапуваат заедничките интереси на двете земји и на Глобалниот Југ и заеднички да ја поддржуваат централната позиција на Обединетите нации и меѓународната праведност и правда“, рече Кси, според портпаролот на Министерството за надворешни работи Мао Нинг на американската компанија за социјални медиуми X.

Израел отвори артилериски оган на повеќе локации во Газа

Израелската армија отвори артилериски оган рано утрово врз повеќе области низ Газа. Нападите се во зоните каде што израелската војска одржува контрола според договорот за прекин на огнот. Локални извори изјавија дека Израел со артилерија нападнал неколку локации во источниот дел на градот Газа, нападнати се и одделни области северно од јужниот град Рафа, кој останува целосно под израелска контрола.

Бројот на жртви во пожарот во трговски во Пакистан се искачи на 67

Бројот на жртви во големиот пожар во трговски центар Гул Плаза во Карачи, Пакистан се искачи на 67, а 77 лица сè уште се водат како исчезнати, додека спасувачките екипи кои траат веќе една недели ги спроведуваат последните напори. Заменик-комесарот Сут Џавед Наби Косо изјави дека операцијата за пребарување и спасување е во завршна фаза, а се очекува да заврши денес. Тој рече дека досега се пронајдени 67 тела.

И за крај на денешниот блиц…

Златото достигна рекордни максимуми поради геополитичките тензии и економската неизвесност

Цените на златото се искачија на рекордни максимуми денес, поттикнати од постојаната геополитичка и економска неизвесност која продолжи да ја поттикнува побарувачката за средства кои се сметаат за безбедни. Спотот злато порасна за околу 0,4% на 4.954 долари за унца од 07:00 часот по Гринич, откако претходно во текот на сесијата достигна рекорден максимум од 4.967,48 долари. Цените пораснаа за околу 7,8% во текот на неделата.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 19.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот