Сојузот на синдикати на протести и блокади пред Собранието, двајца загинати во нов американски напад врз брод во Пацификот, Чешка размислува за забрана на социјалните мрежи за деца под 15 години. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за вторник 10 Февруари.
ССМ на протест пред Собранието
Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе го блокира пристапот до Собранието, за пратениците да не можат дојдат на работа со возила.
Целта на протестот на ССМ е народните избраници за денешниот ден да не можат да ги наплатат патните трошоци за доаѓањето на работа.
Револтот на работниците според претседателот на синдикатот Слободан Трендафилов е поради молкот на пратениците за зголемувањето на минималната плата и сите останати плати.
Двајца загинати во нов американски напад врз брод во Пацификот
Американската војска објави на социјалната мрежа X дека нападнала брод во источниот дел на Пацификот, ноќта меѓу понеделник и вторник, при што загинале две лица, објави Ројтерс.
Со таа објава, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп потврди продолжување на кампањата насочена кон запирање на рутата на дрога кон Соединетите Американски Држави.
Според Вашингтон, и овој нападнат брод учествувал во шверц на наркотици.
Макрон: Европа треба да се подготви за понатамошна конфронтација со САД
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европа треба да се подготви за понатамошна конфронтација со САД и да го гледа неодамнешниот „Гренланд-момент“ како повик за будење за спроведување на долгоодложуваните економски реформи и зајакнување на глобалната моќ на Европската Унија.
Во интервју објавено во неколку европски весници, Макрон рече дека Европа не треба да го замени затишјето во тензиите со Вашингтон за траен напредок и покрај привидниот крај на споровите околу Гренланд, трговијата и технологијата.
Германската влада планира нарачка на борбени дронови вредни 536 милиони евра
Германската влада планира да нарача борбени беспилотни летала во вредност од 536 милиони евра како дел од зголеменото вооружување по нападот врз Украина.
Станува збор за договори за таканаречена „скитничка муниција“ - беспилотни летала што можат да лебдат над целна област пред да се урнат во целта, објави Ројтерс. Овие договори се дел од поширок рамковен договор со вкупна вредност од 4,3 милијарди евра.
Чешкa размислува за забрана на социјалните медиуми за деца под 15 години
Чешката влада размислува за забрана на користењето на социјалните медиуми од деца под 15 години, поради растечката загриженост за влијанието на онлајн платформите врз младите.
Според извештаите на локалните медиуми, премиерот Андреј Бабиш изјавил дека неговата влада сериозно размислува за таков потег, следејќи го примерот на Франција.
Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.
