| Macedonian
Дневни блиц вести 17.10.2025
00:00
00:0000:00
Свет
Дневни блиц вести 17.10.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е петок, 17 октомври

Трамп и Путин најавија средба во Будимпешта, Хамас останува посветен на договорот за заложниците. Џон Болтон, поранешниот советник на Трамп, е обвинет за оддавање тајни, ЕК го претстави планот за одбрана до 2030 година.

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е петок, 17 октомври

Трамп и Путин по телефонскиот разговор се договориле да се сретнат во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп напиша на својата мрежа Вистина (Truth Social) дека разговорот бил „многу продуктивен“ и дека постигнал голем напредок со рускиот лидер. Тој додаде дека имале долга дискусија за трговијата меѓу Русија и САД откако ќе заврши војната во Украина и откри дека наскоро повторно ќе се сретне со Путин лице в лице, во Будимпешта.

Хамас е посветен на договорот, но бара време за да ги врати телата на сите израелски заложници

„Ја потврдуваме нашата посветеност на договорот и нашата подготвеност да го спроведеме, вклучително и испораката на сите преостанати тела на израелските затвореници“, соопшти палестинската група на Телеграм. Хамас објави дека пронаоѓањето на преостанатите тела може да потрае, бидејќи „некои се закопани во тунели уништени од окупацијата, додека други остануваат под урнатините на бомбардираните и срушени згради“.

Поранешниот советник на Трамп, Џон Болтон, обвинет за одавање на класифицирани информации

Џон Болтон, поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, а подоцна и негов остар критичар, беше обвинет во четврток за неправилно ракување со класифицирани информации. Тој беше обвинет во федералниот суд во Мериленд по осум точки за оддавање информации за националната безбедност и десет точки за незаконско задржување информации поврзани со националната одбрана.

Трамп му се закани на Хамас дека „некој“ би можел да влезе во Газа под покровителство на САД

„Не реков кој ќе влезе, но некој ќе влезе. Тоа нема да бидеме ние. Не мораме. Има луѓе, многу блиску, кои ќе одат и ќе го направат тоа, многу лесно, но под наше покровителство“, изјави Трамп за новинарите во Белата куќа. Тој порача дека ситуацијата таму се смирила. „Имаме нивна обврска и претпоставувам дека ќе ја исполнат таа обврска. Се надевам дека ќе го сторат тоа и знам, разбирам дека денес вратија уште неколку тела“, додаде тој.

И за крај на денешниот блиц...

ЕК го презентираше планот за зајакнување на одбранбените капацитети на ЕУ до 2030 година

Европската комисија во четврток предложи сеопфатен план за зајакнување на одбранбените капацитети на ЕУ со цел постигнување целосна одбранбена подготвеност до 2030 година. Еден од плановите се однесува на воспоставување систем за заштита од дронови на ниво на цела Европска Унија, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com


Слушни повеќе
Дневни блиц вести 30.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите