| Macedonian
Блиц вести за 04.03.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести за 04.03.2026
Слушате блиц вести на ТРТ  Балкан на македонски за среда 4 Март.
пред 18 часа

Израелската армија започна големи воздушни напади врз Техеран, 67 државјани на земјите од регионот евакуирани од Израел, САД ја прекинаа целата трговија со Шпанија. Слушате блиц вести на ТРТ  Балкан на македонски за среда 4 Март.

Израел започна големи воздушни напади врз Техеран

Израелската армија денеска објави дека започнала големи воздушни напади врз цели во иранскиот главен град, Техеран.

Армијата не даде конкретни детали за целите што биле погодени.

Новите напади се случија кратко откако армијата објави дека погодила десетици објекти што им припаѓаат на иранските внатрешни безбедносни сили и паравоените сили Басиџ во Техеран.

Повеќе од 50.000 американски војници вклучени во американско-израелските напади врз Иран

Повеќе од 50.000 војници, 200 борбени авиони и два носачи на авиони учествуваат во американско-израелските напади врз Иран, изјави вчера командантот на Централната команда на САД, генерал Бред Купер.

Во видео порака, Купер рече дека операцијата претставува најголемо воено позиционирање на САД на Блискиот Исток во една генерација.

Тој додаде дека американските и израелските сили нападнале речиси 2.000 цели низ Иран.

67 државјани на земјите од регионот евакуирани од Израел

Државјани на Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска, кои беа евакуирани од Израел, пристигнаа во Белград синоќа, околу 2 часот наутро, со специјален лет на Ер Србија од Шарм ел Шеик.

Евакуацијата беше организирана од Министерството за надворешни работи и Владата на Србија.

Специјалниот лет донесе 67 лица кои беа евакуирани од Израел во српската престолнина во неколку чекори, а прво беше организиран копнен премин до египетската граница, односно превоз до аеродромот во египетското одморалиште.

Медиуми: Синот на Хамнеи, Моџтаба Хамнеи, избран за нов ајатолах на Иран

Советот за лидерство на Иран го избра Моџтаба Хамнеи, синот на убиениот ајатолах Али Хамнеи, за нов ајатолах и врховен водач на Иран, објави Иран Интернешнл.

Како што наведува порталoт, Моџтаба Хамнеи е избран на инсистирање на Корпусот на иранската револуционерна гарда.

Трамп: САД ја прекинуваат целата трговија со Шпанија

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД ќе ја прекинат целата трговија со Шпанија откако таа одби да ѝ дозволи на американската војска да ги користи нејзините воени бази за да го нападне Иран, а шпанската влада одговори велејќи дека има ресурси да се спротивстави на влијанието на трговското ембарго.

15 авиони, вклучувајќи цистерни за гориво, ги напуштија воените бази Рота и Морон во јужна Шпанија, откако социјалистичката влада изјави дека нема да дозволи базите да се користат за напад врз Иран.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.

Слушни повеќе
Блиц вести за 03.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот