| Macedonian
Дневни блиц вести 17.04.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 17.04.2025
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска сме четврток 17 април

Вардар и Црвена Ѕвезда играа во чест на настраданите од несреќата во Кочани, а Германија може да враќа бегалци во Грција.

Вардар - Ц. Ѕвезда: Илјадници на хуманитарниот натпревар за Кочани

Вардар одигра  хуманитарен натпревар со екипата на Црвена Ѕвезда од Белград, со цел собраните средства да се донираат за настраданите од трагедијата во Кочани. Навивачите скандираа „Кочани, Кочани”, а натпреварот започна со едноминутен молк.Конечниот резултат 1:3 беше во спореден план, а се истакнаа хуманоста и солидарноста.

Партиите се подготвуваат за локални избори во сенка на кочанската трагедија 

Април, се претвора во период на политички превирања и динамика во политичките табори во државата. Македонскиот политички блок ги засилува напорите за локалните избори, вклучително и внимателно одбраните медиумски текстови за тоа кој што направил или не, додека во албанскиот табор се забележува политичка нестабилност

Вучиќ: Не ја сменив одлуката за најавената посета на Москва на 9 мај

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека е под голем притисок поради неговата одлука да присуствува на Парадата на победата на 9 мај во Москва, но дека не ја променил својата одлука.

ЕК ја предлoжи првата европска листа на безбедни земји на потекло

Европската комисија ја предложи првата листа на безбедни земји на потекло чии граѓани потешко ќе го остварат правото на азил и чие враќање ќе биде полесно и поедноставно. На листата на безбедни земји на потекло се наоѓаат Косово, Бангладеш, Колумбија, Египет, Индија, Мароко и Тунис.

И за крај на денешниот блиц…

Германски суд направи преседан за враќање на мигранти во Грција

Германискиот суд донесе преседан, по пресудата дека враќањето на одредени бегалци во Грција не ги нарушува основните човекови права, што беше оспорувано изминатиот период. Нивното враќање нема да ги изложи на ризик од понижувачки или нехумани услови за живот, смета судот.

Тоа беше се за денешните блиц вести, за повеќе посетете не на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 15.05.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите