Хуманитарната помош до Газа е блокирана во последните денови поради израелските ограничувања, и само една третина од очекуваната количина е пропуштена. Според договорот за примирје со Хамас, околу 600 камиони дневно треба да бидат пропуштени, а сега поминале само 180.
Украинскиот претседател Зеленски нема да прифати договор за иднината на Украина кој ќе биде директно договорен меѓу САД и Русија без за тоа да биде прашан Киев. „Нема лидер во светот кој ќе направи договор со Путин за нас без нас“, рече тој и ја пофали досегашната американска поддршка.
Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, истакна дека е „подготвен и има волја“ да распореди британски војници во Украина за да се спроведе мировниот договор. „Не го кажувам тоа со лесно срце. Ја чувствувам многу длабоко одговорноста што доаѓа со потенцијалното загрозување на животите на британските војници“, напиша тој.
Централната команда на САД соопшти дека убила висок оперативец на терористичка група поврзана со Ал Каеда во Сирија. Силите на ЦЕНТКОМ соопштија дека на 15 февруари извршиле прецизен воздушен напад, убивајќи висок оперативец за финансии и логистика во терористичката организација Хурас ал-Дин огранок на Ал Каеда во Сирија.
И за крај на денешниот блиц...
Аргентиски адвокати поднесоа тужба за измама против претседателот Хавиер Милеи затоа што на социјалните мрежи ја промовирал сомнителната криптовалута Либра. Според нив инвеститорите изгубиле многу пари во измамата откако биле повлечени средствата во шемата. Милеи ја негира поддршката за Либра и дека е вклучен во измамата.
Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
