| Macedonian
Дневни блиц вести 24.07.2026
00:00
00:0000:00
Свет
Дневни блиц вести 24.07.2026

Иран го отфрли предлогот на САД за прекин на огнот што го достави ирачкиот премиер Али ал-Заиди, новите американски царини за увоз од 60 трговски партнери, вклучувајќи ја и Европската Унија, денес стапија на сила, првата група турски пилоти ќе отпатуваат во Велика Британија во август за да започнат обука за борбените авиони Еурофајтер Тајфун…

Слушате дневни Блиц вести, денеска е петок, 24 јули

Иран го отфрли предлогот за примирје со САД доставен преку ирачкиот премиер Заиди

Иран го отфрли предлогот на САД за прекин на огнот што го достави ирачкиот премиер Али ал-Заиди, објави „Њујорк тајмс“, додека борбите меѓу двете земји продолжуваат речиси две недели.

Засега не се познати детали од доставениот предлог, но иранските претставници го одбиле бидејќи не биле задоволни од решенијата за контролата над Ормускиот Теснец.

Стапија на сила новите царини на САД за над 60 држави поради увоз од принудна работа

Новите американски царини за увоз од 60 трговски партнери, вклучувајќи ја и Европската Унија, денес стапија на сила, поради нивниот наводен неуспех да спречат стоки произведени со принудна работа да влезат во меѓународната трговија.

Администрацијата ги предложи царините во јуни, тврдејќи дека таквиот увоз ги става американските работници и бизниси во неповолна положба.

Давачките, кои се движат од 10% до 12,5% ја заменија привремената глобална царина од 10% на претседателот Доналд Трамп, која истече во исто време.

Туркије ги испраќа првите пилоти во Велика Британија за обука на Еурофајтер

Првата група турски пилоти и техничари е закажано да отпатуваат во Велика Британија во август за да започнат обука за борбените авиони Еурофајтер Тајфун, соопшти Министерството за национална одбрана.

Туркије потпиша договор за набавка на 20 авиони Еурофајте во вредност од 10,7 милијарди долари, во октомври 2025 година за време на состанокот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и поранешниот британски премиер Кир Стармер во Анкара.

Авионите Еурофајтер Тајфун моментално ги користат пет европски земји- Велика Британија, Германија, Италија, Шпанија и Австрија, како и четири земји од Заливот, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Оман, Кувајт и Катар.

Изгласана реконструкцијата на Владата на Црна Гора, именувани четворица нови министри

Собранието на Црна Гора гласаше за реконструкција на Владата на премиерот Милојко Спајиќ, поддржувајќи го предлогот на владејачкото мнозинство за назначување четири нови членови на извршната власт.

Пратениците од опозицијата ја напуштија собраниската сала пред гласањето.

Дел од пратениците претходно поднел процедурални приговори бидејќи Спајиќ лично не го образложи предлогот за реконструкција на Владата, кој го доставил до парламентот еден ден претходно, без биографии на предложените кандидати.

И за крај на денешниот блиц…

Четворица Палестинци убиени во напад на израелската армија и доселеници на Западниот Брег

Четворица Палестинци биле убиени, а четворица други се повредени, од кои тројца критично, во петокот во напад на израелските сили и нелегалните доселеници врз градот Тел, југозападно од Наблус во северниот окупиран Западен Брег.

Локални и безбедносни извори изјавија дека израелските окупатори нападнале палестински домови во градот и отвориле боев оган кон две куќи.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 23.07.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите