Украина негира дека го насочила дронот кон Бугарија, а во Колумбија над 130 луѓе загинаа во силен земјотрес
Слушате Дневни блиц вести, денес сме вторник 11 август
Украина: Не насочивме беспилотни летала кон Бугарија
Украина соопшти дека нејзините одбранбени сили не насочиле беспилотни летала кон Бугарија или кон која било друга партнерска земја. По инцидентот во бугарското МНР беше повикана украинската амбасадорка во Софија која посочи дека се целосно отворени за соработка во истрагата.
Кушнер ги засилува несогласувањата со Нетанхјаху за Газа
Зетот на американскиот претседател Доналд Трамп и член на Извршниот одбор за Газа му се спротивставиле на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во врска со спроведувањето на планот за Газа. Кушнер изразил фрустрираност бидејќи планот во голема мера бил предложен токму од Нетанјаху и иако доби поддршка од Трамп, тој ги врши блокадите.
Трамп предупреди: Смената на Инфантино ќе биде „страшна грешка“
Американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди ФИФА да не го заменува својот претседател, Џани Инфантино, велејќи дека водечкото светско фудбалско тело би направило „страшна грешка“. Притисокот врз Инфантино расте откако се обиде да приватизира дел од Светското првенство.
Курти: Србија ги засилува воените капацитети од хегемонистички цели
Албин Курти, изјави дека проширувањето на воените капацитети на Србија е дел од поширока политичка и дипломатска стратегија, која, според него, е поврзана со хегемонистичките цели на Белград во регионот, а особено кон Косово.
И за крај на денешниот блиц…
Над 130 загинати во силниот земјотрес во Колумбија
Најмалку 132 лица загинаа откако силен земјотрес со јачина од 7,4 степени ја погоди Колумбија, предизвикувајќи уривање на згради, по што следеа големи спасувачки операции во неколку градови.
Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи
