Нетанјаху го нападна технократскиот комитет во Газа поради употребата на логото на Палестинската самоуправа; Германскиот канцелар Мерц повика Европа да стане понезависна во услови на глобални превирања. Иранскиот претседател Пезешкијан наложи продолжување на фер преговори со САД. Украина пријави нови руски удари врз Киев и Харков по неколкудневен прекин.
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е вторник 3 февруари
Нетанјаху го нападна технократскиот комитет во Газа за употреба на логото на Палестинска самоуправа
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вторник го нападна Националниот комитет за администрација на Газа (NCAG) поради одлуката да го ажурира своето лого за да одговара на амблемот на Палестинската самоуправа (ПА). „Логото на Националниот комитет за администрација на Газа (NCAG) кое му беше претставено на Израел беше сосема различно од она што беше објавено вечерва“, се вели во соопштението од канцеларијата на Нетанјаху, според израелските медиуми во понеделник.
Мерц: Европа да стане „понезависна“ во услови на глобални превирања
Германскиот канцелар Фридрих Мерц во понеделник ги повика Европејците да станат понезависни во светлината на глобалните превирања. „Моментално го доживуваме веројатно најголемиот период на политичка неизвесност и нестабилност, а секако и длабока пресвртница. Тоа е раскинување со минатото“, рече Мерц. Тој додаде дека во моментов живееме во свет „во кој повторно се појавуваат големи сили кои не сакаат пред сè да се придржуваат до правилата, туку наместо тоа практикуваат политика на моќ“.
Пезешкијан му наложил на шефот на дипломатијата да продолжи со фер и правични преговори со САД
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, рече дека му наложил на министерот за надворешни работи да води „фер и правични преговори“ засновани на принципите на „достоинство, разумност и целесообразност“. Во објава на социјалните мрежи, Пезешкијан истакнува дека директивата е издадена „поради барањата од пријателските влади во регионот“ со кои се повикува Иран да одговори на предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преговори.
Киев и Харков под жестоки руски удар по неколкудневниот прекин на нападите
Руските сили рано утрово почнале напад врз Киев, Харков и други поголеми градови во Украина, а во нападите се повредени луѓе и енергетската инфраструктура е оштетена, објавија украинските власти. Четири лица се повредени во нападите, по две во Киев и Харков, објавија властите во двата најголеми украински града. Во Киев, каде што ноќните температури паднаа на близу -20 степени Целзиусови, сведоци за Ројтерс пријавија експлозии по полноќ, за кои рекоа дека биле предизвикани од ракети и беспилотни летала.
И за крај на денешниот блиц…
Превозниците од регионот денеска на состанок со ЕК за решението околу престојот во Шенген зоната
Превозниците од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија, кои минатата недела ги блокираа премините за товарен сообраќај поради строгите правила на ЕУ за престој во Шенген зоната, денес треба да се сретнат во Брисел со претставници на Европската комисија со цел да се најде решение за проблемот со професионалните возачи кои престојуваат во Шенген зоната. Блокадите, беа прекинати од превозниците од Србија и Босна и Херцеговина во петокот откако ЕК понуди решение за проблемот со ограничување на престојот на професионалните возачи во Шенген зоната, кое беше презентирано како дел од визната стратегија на ЕК, каде што е предвидено воведување на електронски визи.
Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
