| Macedonian
Дневни блиц вести 07.11.2025
00:00
00:0000:00
Свет
Дневни блиц вести 07.11.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е петок, 7 ноември
7 ноември 2025

Антифашистички протест одржан во Вашингтон по годишнината од изборот на Трамп, во Грција криза со недостиг на вода. Трамп истакнува дека Казахстан се приклучува на Абрахамовите договори. Во Газа над 16.500 луѓе имаат потреба од медицинска помош соопштува СЗО. Пензионери протестираат во Франција поради ниска пензија.

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е петок, 7 ноември

Антифашистички протест во Вашингтон на годишнината од изборот на Трамп

Стотици демонстранти се собраа во главниот град на Соединетите Американски Држави (САД), Вашингтон, одбележувајќи ја годишнината од реизборот на претседателот Доналд Трамп со митинг на кој се бараше негово отстранување од функцијата. На демонстрациите, организирани од активистичката група „Одбиј го фашизмот“ под слоганот „Трамп мора да си оди, сега“, учествуваа голем број луѓе облечени во препознатливите црвени наметки и бели капи од дистопискиот роман и телевизиска серија „Приказната за слугинката“.

Грција се соочува со сè поголем недостиг на вода, најкритична состојбата во Атина

Академската фела предупредува дека Грција се соочува со сè посериозен недостиг на вода, а најкритична е ситуацијата, според нив, во Атина и околните области. Проблемот со сушата во земјата значително се влоши во споредба со минатата година бидејќи резервите вода продолжуваат да се намалуваат. Атина, каде што живее речиси половина од населението на Грција, доживува посебен притисок бидејќи нивото на водата во езерото Морнос, главен извор на вода во градот, значително се намали.

Трамп вели дека Казахстан се согласил да се приклучи на Абрахамовиот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во четврток дека Казахстан се согласил официјално да влезе во серијата договори за нормализација што тој ги посредуваше меѓу Израел и земјите со муслиманско мнозинство. „Казахстан е првата земја од мојот втор мандат што се приклучи на Абрахамовите договори, првиот од многуте. Ова е голем чекор напред во градењето мостови низ светот“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.

СЗО вели дека над 16.500 луѓе во Газа имаат потреба од итна медицинска помош

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави во четврток дека повеќе од 16.500 луѓе во Газа имаат итна потреба од медицинска помош. Во објава на платформата на американската компанија за социјални медиуми X, Гебрејесус сподели информации за медицинските евакуации спроведени од Газа. Тој истакна дека СЗО евакуирала 19 критично болни пациенти и 93 придружници од Газа во Италија за медицински третман, изразувајќи благодарност до италијанската влада за нејзината солидарност и поддршка.

И за крај на денешниот блиц…

Француските пензионери излегоа на протести против владините мерки

Пензионерите во Франција одржаа демонстрации свикани од големите француски синдикати ЦГТ, ФО, ФСУ и Солидер, барајќи повисоки пензии, заштита на јавните услуги и мерки за одбрана на куповната моќ. Илјадници пензионери излегоа на марш низ улиците на Париз и други градови низ целата земја. Демонстрантите носеа транспаренти и извикуваа слогани против владините буџетски намалувања што влијаат врз пензионерите.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com


Слушни повеќе
Блиц вести 05.12.2025
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот
БалканКаст: Ѕвезда хуманитарно во Скопје, публиката желна за регионален фудбал
БалканКаст: Како да се зауздаат дивите возачи и нивните родители?