Каја Калас предупреди дека ублажувањето на санкциите за руската нафта од страна на САД може да создаде опасен преседан. Доналд Трамп изјави дека Вашингтон разговара со седум земји за обезбедување на Ормускиот теснец. Израел започна ограничени копнени операции против Хезболах во јужен Либан. Туркије повтори дека не ја признава де факто ситуацијата на Крим.
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е понеделник 16 март
Каја Калас: Ублажувањето на санкциите кон Русија од страна на САД претставува опасен преседан
Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, денеска предупреди дека потегот на Вашингтон за ублажување на санкциите за нафта врз Русија претставува „опасен преседан“. „Гледаме дека ублажувањето на санкциите врз нафтата, врз Русија, од страна на САД е опасен преседан, бидејќи во моментов ни требаат помалку пари за водење војна“, изјави Калас пред новинарите пред Советот за надворешни работи во Брисел.
Трамп: Во моментов преговараме со седум земји за обезбедување на Ормускиот Теснец
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) во моментов водат разговори со седум земји за обезбедување на Ормускиот теснец. Говорејќи за новинарите во авионот „Ер Форс Уан“ за операцијата „Епски бес“, Трамп рече дека Вашингтон разговара со други држави за можноста за заедничко патролирање и обезбедување на теснецот.
Израел започна ограничени копнени операции против Хезболах во јужен Либан
Израелската армија денеска објави дека нејзините трупи започнале ограничени и насочени копнени операции против упориштата на Хезболах во јужен Либан. Силите од 91-та дивизија ги започнаа операциите за „зајакнување“ на напредната одбранбена зона долж северната граница на Израел, соопшти армијата преку американската компанија за социјални медиуми X.
Туркије повтори дека не ја признава „де факто ситуацијата во Крим“
На 12-годишнината од руската анексија на Крим преку „нелегитимен референдум“, Туркије денес порача дека не ја признава „де факто ситуацијата на Крим“. „Силно поддржувајќи ги независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, Туркије ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата на полуостровот и да го држи ова прашање на агендата, со посебно внимание на ситуацијата на кримските Татари“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи.
И за крај на денешниот блиц…
Во Лос Анџелес, со присуство на најголемите имиња од Холивуд, се одржа доделувањето на Оскарите
Најголемите имиња од филмската индустрија се собраа во театарот „Долби“ во Лос Анџелес на годишната церемонија на Наградите на академијата познати како „Оскар“. Оваа година филмот „Грешници“ на режисерот Рајан Куглер ја предводеше листата со номинации со рекордни 16, по него следуваа филмот „Една битка по друга“ на Пол Томас Андерсон со 13 номинации и „Франкенштајн“ на Гиљермо дел Торо со девет.
Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
