Девет мртви и 12 повредени откако Иран испали балистички ракети кон Израел, ирански дрон погоди британска база во Аркортири, администрација на кипарските Грци, Трамп изјави дека нападите врз Иран би можеле да траат четири недели. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за понеделник 2 март.
Иран испали балистички ракети кон Израел, 9 мртви во Беит Шемеш, 12 убиени низ целата земја
Иран ја интензивираше својата одмаздничка кампања со балистички ракети против Израел по заедничките американско-израелски напади во кои беше убиен врховниот лидер Али Хамнеи.
Според извештаите од израелски извори, жртвите во Израел од иранските ракетни баражи достигнаа најмалку 12 убиени и над 150 повредени.
Ирански дрон погоди британска база во Акротири, Администрација на кипарските Грци
Иранско беспилотно летало погоди британска воздухопловна база во Акротири, Администрацијата на кипарските Грци (ГЦА), во текот на ноќта предизвикувајќи ограничена штета, но без жртви, соопштија денеска претседателот на островот и британското Министерство за одбрана. Уште еден дрон лансиран кон базата бил успешно пресретнат и уништен.
Најмалку 31 лице загина во израелските напади врз Бејрут и јужен Либан
Најмалку 31 лице загинало, а 149 други се повредени утрово во израелските напади насочени кон јужните предградија на Бејрут и јужен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.
Податоците се базираат на првични и неконечни бројки, додаде министерството.
Израелската армија започна бран воздушни напади во Либан, велејќи дека нападите се „како одговор на ракетниот оган кон северен Израел“, според извештаите на израелските медиуми.
Трамп: Нападите врз Иран би можеле да траат четири недели или помалку
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека се очекува заедничката американско-израелска кампања започната во саботата против Иран да трае околу четири недели.
Трамп претходно изјави дека 48 ирански лидери се елиминирани и дека операциите се движат напред побрзо од планираното.
Ердоган со интензивна дипломатска мисија околу тензиите поврзани со Иран
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оствари серија телефонски разговори со лидерите на САД, Заливот и Европа по нападите што ги извршија Израел и САД врз Иран, како и последователната одмазда на Иран, соопшти вчера Турската дирекција за комуникации.
Ердоган разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп за најновата ситуација во Иран и регионот на Заливот, како и за тековните случувања.
Тој оствари разговори и со катарскиот емир, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани, саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, емирот на Кувајт, шеикот Мешал Ал-Ахмад Ал-Џабер Ал-Сабах, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Турскиот претседател, исто така, изрази сочувство до претседателот на ОАЕ, шеикот Мохамед бин Зајед ал Нахјан и до саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман за нападите насочени кон нивните земји.
Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.
