| Macedonian
Дневни блиц вести 31.03.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 31.03.2026
Слушате Дневни блиц вести, денес сме вторник 31 март

Србија и Хрватска ја засилија реториката на обвинувања, а Иран ќе наплаќа баждарини во Хормускиот Проток

Слушате Дневни блиц вести, денес сме вторник 31 март

Милановиќ го откажа регионалниот самит Брдо-Бриони по изјавите на Вучиќ

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ го откажа Самитот во Бриони за регионалната иницијатива откако српскиот претседател Александар Вучиќ ја засили реториката на обвинување на дел од соседите за дестабилизација на регионот. За откажувањето била известена и словенечката претседателка Наташа Пирц-Мусар, која копретседава со иницијативата.

Орбан-Мицкоски: Унапредување на економската соработка

Унапредување на економската соработка, привлекување инвестиции, и зголемување на трговската размена беа клучните теми на разговор меѓу македонскиот и унгарскиот премиер Христијан Мицкоски и Виктор Орбан на средбата во Будимпешта.

Четири израелски војници убиени во јужен Либан

Израелската војска соопшти дека четворица војници се убиени за време на судирите во јужен Либан. Израел иако потпиша примирје повторно ги засили нападите врз како што тврди позиции на Хезболах во Либан во кои досега загинаа над 1.340 лица, откако започна војната во Иран. 

Успешно лансиран петтиот сателит на турски „Фергани“ 

Турската вселенска фирма „Фергани Спејс“ соопшти дека нејзиниот петти тест сателит, успешно стигнал во орбитата откако бил лансиран во САД со ракетите на компанијата „Спејс Екс“. Сателитот е опремен со комуникациски и навигациски можности.

И за крај на денешниот блиц…

Иран планира да наплаќа за бродовите во Хормускиот Проток

Иранската парламентарна комисија го одобри планот за воведување давачки за бродовите кои поминуваат низ Хормускиот Проток. Планот е баждарината да се плаќа на иранските власти во домашната валута ријал. 

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 30.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите