| Macedonian
Дневен блиц за 26.03.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневен блиц за 26.03.2026
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за четврток 26 март

Двајца загинати во Абу Даби по пресретнување на иранска балистичка ракета, танкер кој превезувал нафта нападнат со дрон во близина на Истанбул. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за четврток 26 март

Двајца загинати во Абу Даби по пресретнување на иранска балистичка ракета

Две лица загинаа, а три се повредени откако остатоци од пресретната балистичка ракета паднаа во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, соопштија властите.

Канцеларијата за медиуми на ОАЕ соопшти дека инцидентот се случил на патот Свеихан откако системите за воздушна одбрана успешно пресретнале балистичка ракета.

Танкер кој превезувал нафта нападнат со дрон во близина на Истанбул

Дрон нападна танкер за сирова нафта под странско знаме, управуван од турска компанија во Црното Море во близина на Истанбул, информираше Абдулкадир Уралоглу министерот за транспорт и инфраструктура на Туркије, додавајќи дека никој од екипажот не е повреден.

Министерот, исто така, истакна дека во времето на инцидентот на бродот имало 27 турски членови на екипажот и дека сите биле безбедни.

Писториус: САД и Израел дека немаат јасен воен план за Иран

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска ја критикуваше војната на САД и Израел во Иран, обвинувајќи ги дека „немаат стратегија“.

Писториус нагласи дека е потребно дипломатско решение „што е можно поскоро“. Тој предупреди дека нестабилноста на Блискиот Исток ќе има последици за целиот свет.

Кина повика да се стави крај на војната на Блискиот Исток

Кина денеска ги повика сите страни во конфликтот на Блискиот Исток да работат на завршување на војната, предупредувајќи за поголем број на жртви ако конфликтот продолжи.

Ако војната продолжи, таа ќе донесе повеќе жртви и загуби и ќе доведе до ширење на последиците од ситуацијата“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, во Пекинг.

Белорусија и Северна Кореја потпишаа договор за пријателство

Белорусија и Северна Кореја денеска потпишаа договор за пријателство и соработка за време на посетата на белорускиот претседател Александар Лукашенко на Пјонгјанг, каде што се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Според соопштението, договорот ги дефинира целите и принципите на билатералната соработка и воспоставува рамка за понатамошно зајакнување на односите.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.

Слушни повеќе
Дневен блиц за 22.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите