Сенатот му даде зелено светло на Трамп да ја продолжи војната, нови израелски напади врз Техеран, Иран негира дека лансирал ракета кон Туркије. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за четврток 5 Март.
Сенатот му даде зелено светло на Трамп да ја продолжи војната
Републиканското мнозинство во американскиот Сенат ја отфрли резолуцијата со која се бараше Доналд Трамп да мора да има одобрение од Конгресот за војната против Иран. Резолуцијата, која можеше да доведе до прекин на американската воена акција, беше одбиена со 53:47 во гласови
Демократите тврдат дека Трамп го заобиколил Конгресот и понудил променливи причини за војната. Повеќето републиканци ја блокираа резолуцијата, но некои рекоа дека би можеле да го променат ставот ако војната се прошири во наредните недели.
Нови израелски напади врз Техеран, експлозии се слушаат во главниот град на Иран
Нови експлозии се слушнаа во Техеран денеска откако израелските сили најавија нов бран напади насочени кон градот.
Полуофицијалната иранска новинска агенција Мехр објави дека израелските напади биле насочени кон локации западно од Техеран, додавајќи дека експлозии се слушнале и во јужните и југоисточните области на главниот град.
Арагчи за потопувањето на Дена: САД извршија злосторство на море, над 3.000 км од бреговите на Иран
Иранскиот министер за надворешни работи денеска изјави дека 130 морнари биле на иранскиот воен брод кој бил погоден од САД во близина на брегот на Шри Ланка.
Досега, најмалку 87 морнари се потврдени како мртви откако бродот Дена бил погоден со трпедо испалено од американска подморница во близина на јужноазиската островска држава Шри Ланка вчера.
Иран: Туркије е пријателска земја, не лансиравме ракета кон неа
Иран негираше дека лансирал ракета кон Туркије, откако Анкара вчера објави дека воздушната одбрана на НАТО соборила ракета од иранско потекло додека се движела кон нејзиниот воздушен простор.
Генералштабот на иранските вооружени сили ги отфрли тврдењата за лансирање ракета во соопштение.
Според турското Министерство за одбрана, ракетата се приближила до турскиот воздушен простор откако прелеталa над Ирак и Сирија. Немало жртви во пресретнувањето на ракетата.
Зеленски: Мировните разговори меѓу Украина и Русија се во прекин поради конфликтот во Иран
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека мировните преговори со Русија во моментов се на пауза поради конфликтот во Иран.
Во видео изјава објавена на Телеграм, Зеленски рече дека Киев ќе биде подготвен да продолжи со преговорите штом условите дозволат.
Русија и Украина одржаа три рунди мировни преговори со посредство на САД оваа година - две во Абу Даби и една во Женева.
Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.
