| Macedonian
Први разговори меѓу државниот секретар на САД Рубио и израелскиот премиер Нетанјаху, а во Туркије откриен мозаик стар над 2.000 години
00:00
00:0000:00
Свет
Први разговори меѓу државниот секретар на САД Рубио и израелскиот премиер Нетанјаху, а во Туркије откриен мозаик стар над 2.000 години
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е четврток, 23 јануари
23 јануари 2025

Први разговори меѓу државниот секретар на САД Рубио и израелскиот премиер Нетанјаху, а во Туркије откриен мозаик стар над 2.000 години

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е четврток, 23 јануари

Новиот американски државен секретар Марко Рубио го одржа првиот разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тие разговараа за Иран, израелските заробеници во палестинска Газа и ја потврдија американската поддршка за Израел. Според Рубио поддршката е врвен приоритет за претседателот Трамп.

Трамп нареди распоредување на 1.500 војници на јужната граница со Мексико за спречување на нелегалната миграција. Мигрантите кои веќе имаат дозвола за влез во САД се во неизвесност откако беа стопирани премините и обработката на барањата. Трамп тврди дека целта е да се зголеми безбедноста иако трпи критики за хуманитарните напори. 

Панама поведе постапка пред Обединетите Нации за оспорениот канал од страна на американскиот претседател Трамп. Во писмо до генералниот секретар Гутиереш, Панама го наведе членот од повелбата кој забранува употреба на сила против земја членка. Трамп обвини дека Кина сега го контролира каналот што е недозволиво. 

Нов пожар кој се засили од ветровите Санта Ана принуди над 50.000 жителите на Лос Анџелес да се евакуираат опфаќајќи површина од над 9.000 хектари. Пламените јазици веќе ги зафатија ридовите северно од градот. Регионот кој се опоравува од претходната огнена стихија сега повторно се соочува со ново уништување. 

И за крај на денешниот блиц...

Во античкиот град Асос во Туркије, археолозите открија неверојатен мозаик стар 2.200 години и гробница од пред 1.800 години. Мозаикот, кој е дел од хеленското наследство, има сложени геометриски и цветни дизајни и веројатно бил дел од гимназија која подоцна била пренаменета во византиско време. Главниот археолог Нуретин Арслан откритието го оцени како еден од најраните примери на хеленската уметност во Анадолија.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 16.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот