Рамковен договор за реципрочна, фер и избалансирана трговија меѓу Северна Македонија и САД, поранешниот норвешки премиер обвинет за сериозна корупција поради наводни врски со Епстин, Фoн дер Лајен најави објавување на планот Една Европа еден пазар. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за петок 13 Февруари.
САД и Северна Македонија постигнаа рамковен договор за фер и реципрочна трговија
САД и Република Северна Македонија постигнаа согласност за рамка на нов Договор за реципрочна, фер и избалансирана трговија.
Северна Македонија да ги укине царинските давачки за сите индустриски и земјоделски производи од САД што ќе се извезуваат на македонскиот пазар. Од друга страна, САД ќе ги задржат реципрочните царини од 15 проценти за македонски производи, со можност одредени категории производи да добијат нулта царинска стапка.
Фон дер Лајен го објави планот „Една Европа, еден пазар“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека на следниот формален самит на Европската унија во март, ќе го претстави акциониот план „Една Европа, еден пазар“, со детални рокови и цели за зајакнување и обединување на европската економија.
Фон дер Лајен на прес-конференцијата по самитот на лидерите на ЕУ изјави дека акциониот план содржи пет клучни области - административно поедноставување, единствен пазар, енергија, дигитализација и трговија.
Поранешниот норвешки премиер Јагланд обвинет за сериозна корупција за наводни врски со Епстин
Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е обвинет за „сериозна корупција“ по полициска истрага за наводни врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин. Tој ги негира сите обвинувања.
Норвешката агенција за борба против економскиот и еколошкиот криминал „Ококрим“ објави дека Јагланд е под истрага под сомнение за сериозна корупција врз основа на информации од најновиот сет документи за Епстин објавени од Министерството за правда на САД.
Истражителите истражуваат дали „подароци, патувања и заеми биле примени во врска со неговата позиција“.
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за НАТО мисијата “Арктичка стража”
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО „Арктичка стража“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
Мисијата како што објави Ројтерс е дел од напорите за смирување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од притисокот на американскиот претседател Доналд Трамп да го купи Гренланд од Данска.
Вучиќ по завршувањето на посетата на Туркије: Исклучително продуктивни разговори со Ердоган
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа ја заврши еднодневната посета на Туркије, велејќи дека неговите разговори со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган биле исклучително продуктивни и ги опфатиле сите важни прашања.
За време на престојот во Анкара, Вучиќ одржа билатерална средба со Ердоган во Претседателската палата, а по средбата нагласи дека Србија ја признава политичката и економската важност на Туркије, која ја наведе како еден од најважните партнери на неговата земја.
Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.
