Ердоган предупредува дека системот на победниците од Втората светска војна е во длабока криза. Началникот на Генералштабот на Израел стравува од недостиг на регрути, нови напади со дронови во Кувајт и Саудиска Арабија. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за петок 27 Март.
Ердоган: Меѓународниот систем на победниците по Втората светска војна е во длабока криза на легитимитетот
Меѓународниот систем воспоставен од победниците во Втората светска војна денес се соочува со длабока криза на легитимитетот во речиси сите области, рече турскиот престедател Реџеп Таип Ердоган во денешната видео порака испратена на Меѓународниот самит за стратешки комуникации 2026 што се одржа во Истанбул од страна на Дирекцијата за комуникации на Туркије.
„Запирањето на трагедиите и враќањето на мирот и стабилноста низ целиот свет, особено во регионот, е поважно од кога било. Туркије решително ќе го задржи својот принципиелен, решителен, мироцентричен став фокусиран на хуманитарните вредности и правдата“, додаде Ердоган.
Началникот на Генералштабот на Израел предупреди на недостиг од регрути
Началникот на Генералштабот на израелската армија Ејал Замир предупреди дека би можеле да се соочат со внатрешен колапс доколку Владата не го реши проблемот со недостигот на војници.
Воени извори изразија „огромна загриженост“ поради недостигот, особено во услови на тековната војна, истакнувајќи дека дури и во мирно време ќе бидат потребни повеќе војници на повеќе фронтови, вклучително Газа, Либан, Сирија и Западниот Брег.
Дронови го нападнаа најголемото пристаниште во Кувајт
Кувајт соопшти дека главното трговско пристаниште Шуваик било цел на непријателски напад со беспилотни летала, предизвикувајќи материјална штета, но нема повредени.
Кувајската пристанишна управа соопшти дека беспилотните летала го погодиле пристаништето рано наутро, оштетувајќи ги објектите. Веднаш биле активирани итни процедури во координација со надлежните органи.
Саудиска Арабија: Пресретнати и уништени три дронови
Министерството за одбрана на Саудиска Арабија соопшти дека три беспилотни летала биле пресретнати и уништени над Ријад и Источната покраина.
Едно беспилотно летало беше соборено над Ријад, а уште две над Источната покраина, соопшти саудиското министерство за одбрана, без да даде дополнителни детали за жртвите или точните локации.
Туркије, Босна и Херцеговина и Косово во финалниот бараж за пласман на СП
Фудбалските репрезентации на Италија, Шведска, Полска, Косово, Туркије,Чешка, Босна и Херцеговина и Данска се најдоа на чекор од квалификациите за Светското првенство оваа година по победите во полуфиналните натпревари од дополнителните европски квалификации.
Двојките за финалните натпревари за пласман на светското првенство се Туркије – Косово, Босна и Херцеговина – Италија, Данска – Чешка и Шведска – Полска
Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedoinan.trtbalkan.com.
