Палестинската група на отпорот Хамас го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека го попречува договорот за прекин на огнот во Газа за неговиот политички рејтинг. Последен чекор е упадот на израелски тенкови во Западниот Брег.
Претседателот Трамп ќе ја укине забраната за разузнавачка поддршка за Украина во пресрет на новата рунда разговори во Саудиска Арабија за ставање на крај на војната со Русија. Се очекува да се потпише и договорот за ретки минерали, а администрацијата има оптимизам.
Марк Карни ќе биде нов премиер на Канада откако победи на внатрепартиските избори и ќе го наследи Џастин Трудо на чело на Либералната партија. Негов најголем предизвик ќе биде трговската војна и односите со САД.
Иран е подготвен да разговара со САД за загриженоста за нуклеарната програма, за која Техеран тврди дека не ја користи за воени цели. Врховниот лидер Али Хамнеи ја отфрли можноста за целосен договор кој ќе ги ограничи ракетните способности на Иран и регионалното влијание.
И за крај на денешниот блиц...
Турското МНР предупреди за напорите да се испровоцира новата влада во Сирија по судирите со лојалистите на соборениот лидер на режимот Башар ал Асад. Министерот Фидан ги повика сите малцинства да се воздржат од провокациите и ја потврди посветеноста на Туркије за стабилизација на Сирија.
Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
