| Macedonian
Дневен блиц вести за 23.06.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Дневен блиц вести за 23.06.2025
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за 23 Јуни

Израел тврди дека нападнал шест аеродроми во Иран. Техеран ќе продолжи со активностите за збогатување на нуклеарното оружје, САД стравуваат од одмазднички напади, Ердоган го осуди нападот на црква во Дамаск.

Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е понеделник 23 Јуни.

Израелска армија: Во напад на шест воени цели во Иран уништени 15 авиони

Израелската армија денеска соопшти дека нападнала шест воени цели во Иран и уништила 15 авиони.

Во соопштението се вели дека аеродромите биле цел на напади во западен, источен и централен Иран, при што биле оштетени нивните писти, подземни бункери, авион за полнење гориво и хеликоптери и авиони.

Немаше ирански коментар за израелското тврдење.

Иран: Ќе продолжиме со збогатување на нуклеарното оружје, се движиме во рамки на Договорот

Иран ќе продолжи со своите активности за збогатување на нуклеарно оружје согласно Договорот за неширење на нуклеарно оружје (ННР), изјави денеска заменик-министерот за надворешни работи.

Според полуофицијалната новинска агенција Тасним, заменик-министерот за политички прашања, Маџид Тахт Раванчи, денеска изјави дека Иран ќе продолжи да збогатува ураниум и покрај нападите од Израел и САД.

Њујорк е во состојба на готовност поради страв по американските напади врз Иран

Според локалните медиуми, властите на Њујорк ги ставија органите за спроведување на законот во „зголемена готовност“ по американските воени напади врз Иран во неделата.

„Нема значајни закани директно за градот, но секогаш треба да бидете свесни за осамените волци“, го цитираше NBC News градоначалникот Ерик Адамс.

Тој рече дека Полициската управа на Њујорк тесно соработува со федералните агенции и ќе се фокусира на зголемен надзор на местата на еврејската и персиската заедница, како и на јавните места со голем сообраќај како Тајмс Сквер.

Хозе Мануел Албарес: Да се суспендира договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел

Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, денеска повика на суспендирање на Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел и забрана за продажба на оружје на Израел.

„Ова е време за акција, и ако Договорот за асоцијација се базира на човекови права, најнормално е веднаш да го суспендираме Договорот за асоцијација денес и да продолжиме напред“, рече Албарес пред состанокот со министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.

Ердоган го осуди нападот врз црква во Дамаск и вети солидарност со Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска остро го осуди смртоносниот терористички напад врз црквата „Мар Илјас“ во Дамаск, главниот град на Сирија.

Ердоган изрази сочувство до семејствата на загинатите, до сириската влада и до народот на Сирија.

„Им посакувам брзо закрепнување на повредените“, додаде тој.

Ердоган, исто така, нагласи дека нападот имал за цел дестабилизација на мирот, безбедноста и коегзистенцијата во Сирија и поширокиот регион.

„Соочени со овој гнасен терористички чин насочен кон мирот, внатрешната стабилност и културата на заедничко живеење во Сирија, ние стоиме со сирискиот народ и влада“, нагласи тој.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневен блиц за 28.05.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите