Премиерот Мицкоски го прими младиот херој Јован Костадинов
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски го прими младиот херој Јован Костадинов, кој спасуваше луѓе во запалената дискотека Пулс во Кочани. „Јован, со само 19 години, влезе во запалениот објект во Кочани и спаси 21 живот. Без размислување, со голема присебност и посветеност, тој направи нешто што малкумина би се осмелиле да го сторат“, истакна Мицкоски.
ЕУ ја усвои Стратегијата за подготвеност во вонредни ситуација
Европската Унија ја објави „Стратегијата за подготвеност“ во вонредни ситуации, со која се предвидува побрзо носење одлуки во време на криза. Исто така граѓаните и соодветните институции треба да се подготват за зголемување на резервите на храна, вода и опрема.
Трамп се закани со дополнителни царини за ЕУ и Канада
Американскиот претседател Доналд Трамп упати закани кон ЕУ и Канада за значителни зголемувања на царините доколку тие соработуваат да ѝ наштетат на економијата на САД. Трамп потпиша извршна наредба со која воведува 25 отсто царини на увозот на странски автомобили и лесни товарни возила.
Портпаролот на Хамас убиен во израелски воздушен напад врз Газа
Портпаролот на Хамас, Абдел Латиф ал-Кануа, е убиен во израелски воздушен напад врз градот Џабалија во северниот дел на Појасот Газа. Тој загинал кога неговиот шатор бил погоден од израелска граната.
И за крај на денешниот блиц...
Распишана меѓународна потерница за Милорад Додик во БиХ
Судот на Босна и Херцеговина го прифати предлогот на државното обвинителство за распишување меѓународна потерница за Милорад Додик и Ненад Стевандиќ, кои се товарат за кривично дело напад на уставниот поредок. Сепак, понатаму издавањето меѓународна потерница е одговорност на Националното централно биро на Интерпол, велат од судот.
Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
