Шестмина повредени во иранските ракетни напади врз Тел Авив, се поголем број деца жртви на конфликтот на Блискиот Исток, Пакистан е најзагадена држава во светот. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за вторник 24 Март.
Шестмина повредени во иранските ракетни напади врз Тел Авив
Над израелскиот град Тел Авив се издигна чад по извршените ирански ракетни напади и падот од шрапнелите на противвоздушната одбрана, пренесуваат локалните медиуми.
„Идентификувани се четири погодени локации низ градот, при што шест лица се полесно повредени“, изјави Заки Хелер, портпарол на израелската национална служба за итна медицинска помош и катастрофи.
УНИЦЕФ: Сè поголем број детски жртви во конфликтот на Блискиот Исток
Децата на Блискиот Исток плаќаат „висока цена“ откако минатиот месец започна војната меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Израел против Иран, предупреди вчера висок претставник на УНИЦЕФ.
„Дваесет и три дена по ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, децата низ регионот ја плаќаат највисоката цена. Понатамошното тонење во поширок или долготраен конфликт би било катастрофално за уште милиони луѓе“, изјави Тед Чаибан, заменик-извршен директор на УНИЦЕФ за хуманитарна акција и операции за снабдување.
Украина: Четири лица се убиени, а 16 се повредени во ноќните руски напади
Украина денеска соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 16 други се повредени во руските напади извршени во текот на ноќта, насочени кон повеќе региони.
Државната служба за вонредни ситуации (ДСНС) на земјата објави на Телеграм дека две лица се убиени, а седум други се повредени во нападите во регионот Полтава, вклучувајќи го и нејзиниот административен центар, за кој, како што рече, оштетиле станбени згради, хотел и индустриски објекти.
Лукашенко во посета на Пјонгјанг на покана на Ким Џонг Ун
Белорускиот претседател Александар Лукашенко утре и задутре ќе престојува во официјална посета на Пјонгјанг на покана на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
Според соопштението од белоруската претседателска прес-служба, се очекува лидерите да разговараат за целиот спектар на области за развој на белоруско-корејските односи, да ги идентификуваат клучните области од заеднички интерес и да ги истакнат најперспективните проекти за имплементација.
Пакистан рангиран како најзагадена земја во светот
Пакистан e рангиран како најзагадена земја во светот во 2025 година покажaa најновите податоци за квалитетот на воздухот.
Пакистан се најде на врвот на листата со концентрации на опасни мали честички познати како ПМ 2.5 до 13 пати повисоки од препорачаното ниво на Светската здравствена организација (СЗО), соопшти швајцарската фирма за мониторинг на квалитетот на воздухот IQAir во својот годишен извештај.
Според извештајот, петте најзагадени земји беа Пакистан, Бангладеш , Таџикистан, Чад и Демократска Република Конго.
Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетет не на macedonian.trtbalkan.com.
