| Macedonian
Дневни блиц вести 20.02.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 20.02.2026
Слушате Дневни блиц вести, денес сме петок 20 февруари

Во Газа ќе бидат вложени десетици милијарди долари за обнова, а Туркије е подготвена да помогне

Слушате Дневни блиц вести, денес сме петок 20 февруари 

Одборот за мир го претстави планот за повоена Газа

Одборот за мир поддржан од американскиот претседател Доналд Трамп, ја презентираше рамката за повоено управување, безбедност и реконструкција на Газа. Предвидено е да бидат вложени  30 милијарди долари во инфраструктура. Одборот заедно со Националниот преоден комитет ќе ги обноват институциите во Газа почнувајќи со формирање полициски сили.

Привремената влада на бугарскиот премиер Ѓуров положи заклетва

Вршителот на должноста премиер на Бугарија Андреј Ѓуров и неговиот кабинет положија заклетва пред Народното собрание. Владата на Ѓуров ќе биде на функција до парламентарните избори кои претседателката Илијана Јотова ги закажа за 19 април.

Русија е подготвена да го прими збогатениот ураниум од Иран

Русија е подготвена да прими збогатен ураниум од Иран доколку Техеран постигне договор со САД, изјави Алексеј Лихачев генералниот директор на руската институција Росатом. Тој додаде дека ќе го решат секое прашање технолошки во духот на партнерството. 

Северна Кореја распоредува 50 нови лансери за нуклеарни ракети

Северна Кореја објави дека Ким Џонг Ун презентирал 50 нови лансери за нуклеарни ракети со краток дострел. На земјата и претстои конгрес на владејачката работничка партија на кој ќе бидат претставени новите цели во одбраната. 

И за крај на денешниот блиц…

Фидан: Туркије е подготвена да придонесе за Газа на секој можен начин

Туркије е подготвена да придонесе за Газа „на секој можен начин“, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан. Тој дополни дека Туркије може да обезбеди хуманитарна помош, да учествува во инфраструктурните проекти и да помогне во административните задачи. 

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 13.07.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите