| Macedonian
Блиц вести за 12.02.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести за 12.02.2026
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за четврток 12 февруари.
12 февруари 2026

Косово доби влада, Бугарија вршител на должноста премиер до предвремените избори, Русија ќе и испрати нафта на Куба во вид на хуманитарна помош поради санкциите на САД за нафтата од Венецуела. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за четврток 12 февруари.

Косово конечно доби влада, Албин Курти по третпат е премиер

По цела година политичка неизвесност и десетици неуспешни обиди да се конституира новиот состав на Парламентот на Косово, вечерва тоа конечно се случи, а пратениците само неколку часа подоцна ја избраа новата влада, која повторно ќе ја предводи лидерот на Самоопределување, Албин Курти.

За изборот на новата Влада гласаа 66 пратеници, а 49 биле против.

По последните редовни парламентарни избори во февруари лани, Косово имаше привремена влада и целосно нефункционален парламент, откако партијта на Курти не успеа да обезбеди мнозинство.

Бугарија: Андреј Ѓуров именуван за вршител на должноста премиер до предвремените избори

Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, официјално го номинираше заменик-гувернерот на Бугарската народна банка (БНБ), Андреј Ѓуров, за вршител на должноста премиер на преодната влада.

Ѓуров ќе формира привремен кабинет во согласност со Уставот.

Законските измени му овозможија да ја преземе функцијата вршител на должноста премиер без да ја загрози својата позиција во централната банка.

Русија планира да и испрати нафта на Куба како хуманитарна помош

Русија планира да испрати хуманитарна помош во форма на нафта и нафтени производи на Куба во блиска иднина, соопшти руската амбасада во Хавана.

Куба се соочува со сериозна енергетска криза поради заострените санкции на САД кои во голема мера ги прекинаа испораките на нафта од Венецуела, која претходно беше еден од главните извозници на нафта во Куба.

Состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел

Состанок на министрите за одбрана на НАТО пактот започна денес во седиштето на Алијансата во Брисел.

На состанокот, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и министрите за одбрана и нивните заменици од 32-те земји на Алијансата ќе разговараат за клучните прашања за колективната безбедност на алијансата, како што се поддршката за Украина, инвестициите во одбраната и воената индустрија, како и безбедноста на Арктикот.

Сириja ја презеде контролата врз стратешката база Ал-Танф по повлекувањето на американските војници

Сириската Влада ја презеде контролата врз стратешката база Ал-Танф, која се наоѓа на тромеѓето на границата со Ирак и Јордан, откако Соединетите Американски Држави се повлекоа по речиси 10 години.

САД ја користеа базата Ал-Танф, која беше проширена во 2017 и 2018 година кога биле донесени балони за надзор, за следење на воените активности на групите поддржани од Иран и терористичката организација ДАEШ на подрачје од стотици километри помеѓу јорданската граница и реката Еуфрат.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 16.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот