| Macedonian
Дневни блиц вести 02.07.2026
00:00
00:0000:00
Свет
Дневни блиц вести 02.07.2026
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е четврток 2 јули

Посредниците од Катар и Пакистан пријавија напредок во индиректните разговори меѓу САД и Иран во Доха. Шефот на турското разузнавање разговараше со курдски претставници во северен Ирак. Најмалку 11 лица загинаа во руски напад врз Киев; Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела продолжува да расте.

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е четврток 2 јули

Позитивен напредок во индиректните разговори меѓу САД и Иран во Доха

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Маџед ал-Ансари, изјави во среда навечер дека е постигнат „позитивен напредок“ по прашањата поврзани со рамковниот договор постигнат пред две недели за завршување на војната во Иран. „Медијаторите на Катар и Пакистан денес во Доха завршија одделни средби со американските и иранските преговарачи, со позитивен напредок по прашања поврзани со Меморандумот за разбирање во Исламабад, врз основа на резултатите од Самитот на езерото Луцерн“, напиша Маџед Ал Ансари на X.

Шефот на турското разузнавање одржа разговори со курдски претставници во северен Ирак

Шефот на турската Национална разузнавачка служба (МИТ), Ибрахим Калин, и лидерот на Патриотскиот сојуз на Курдистан (ПУК), Бафел Џалал Талабани, вчера одржаа разговори зад затворени врати во северен Ирак. За време на средбата во провинцијата Сулејманија, Калин и Талабани разговараа за актуелните случувања и ја истакнаа важноста на регионалната стабилност, се наведува во соопштението на ПУК. Тие, исто така, разменија мислења за процесот на „Туркије без тероризам“, при што Талабани ја потврди поддршката на ПУК за успехот на овој историски чекор.

Најмалку 11 загинати во масовен руски напад врз Киев

Бројот на загинати во масовниот руски воздушен напад врз Киев се зголеми на 11, објави денес украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко, додавајќи дека службите за итни случаи сè уште работат во погодените области. Службите работат на спасување на луѓето од урнатините, а 17 лица веќе се спасени во округот Дарница, пренесува Укринформ. Се сомнева дека има и исчезнати лица, како и 34 повредени.

Бројот на жртви во земјотресот во Венецуела се искачи на речиси 3.000

Една недела откако разорните земјотреси ја погодија Венецуела, бројот на жртви се искачи на најмалку 2.295, а 11.267 се повредени, изјави во среда претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез. Повеќе од 26.000 служби за итни случаи и повеќе од 17.000 волонтери се распоредени во погодените области. Родригез рече дека досега 6.461 лице се извлечени живи од урнатините.

И за крај на денешниот блиц…

БиХ го заврши настапот на Светското првенство со пораз од САД

САД-Белгија е петтата осминафинална двојка добиена по одигрувањето на двата синоќешни натпревари на фудбалското Светско првенство. Американците со 2:0 ја победија селекцијата на Босна и Херцеговина, иако последната четвртина од мечот ја одиграа со човек помалку по исклучувањето на Балогун кој беше стрелец на првиот гол.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневен блиц 04.09.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите