| Macedonian
Според Лекари без граници никој не е сигурен во Газа, а Туркије побара справување со кризата во Судан
00:00
00:0000:00
Свет
Според Лекари без граници никој не е сигурен во Газа, а Туркије побара справување со кризата во Судан
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денес сме петок, 20 декември

Во новиот извештај на Лекари без граници за Газа, во кој се повикува на итен прекин на огнот, се наведува дека не може да се обезбеди сигурен проток на хуманитарна помош и дека никој не е сигурен. Тие побараа прекин на неселективните напади на Израел врз цивилите и ги повикаа сите за брзо дејствување и почитување на меѓународното право.

Дваесетина Палестинци загинаа, а над 30 се повредени во израелски напад врз две училишта во кои се сместени раселени лица и еден дом во Газа. Повеќето од жртвите се жени и деца. Израел систематски гаѓа цивилни објекти, вклучително училишта, болници и места за богослужба, во тековната офанзива врз Газа.

Ахмет Јилдиз, постојниот претставник на Туркије во Обединетите нации ја повика меѓународната заедница да преземе брза акција за справување со ескалацијата на конфликтот и хуманитарната криза во Судан, каде над 11 милиони луѓе се раселени, а стотици илјади ги загубија животите. Туркије ја повтори посветеноста на „единството, територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Судан од надворешно мешање“.

Џон Фајнер, заменик-советник за национална безбедност на Белата куќа, смета дека Пакистан развива балистички ракети со долг дострел кои може да погодат цели дури во САД. Иако Пакистан се смета за нивни партнер, Фајнер на настан на Фондацијата Карнеги за меѓународен мир рече дека потезите на Исламабад не ги гледа како нешто друго освен како нова закана.

И за крај на денешниот блиц...

Генералното собрание на ОН ја одобри резолуцијата со која побара од Меѓународниот суд на правдата да ги оцени обврските на Израел кон окупираната Палестина и да ги расчисти обвинувањата за систематско попречување на хуманитарната помош. Мислењето на судот нема да биде задолжително, но може да го засили притисокот.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневен блиц за 22.05.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите