Израелската влада го одобри договорот за прекин на огнот во Газа, а израелската армија почна постепено да се повлекува. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за петок 10 октомври.
Израелската Влада го одобри договорот за прекин на огнот во Газа
Израелската Влада го одобри договорот за прекин на војната во Газа и размена на затвореници со палестинските фракции, соопшти рано утринава Кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Според израелските медиуми во следните 24 часа ќе стапи на сила прекин на огнот во Газа, а израелската армија ќе се повлече кон „жолтата линија“. Потоа Хамас е должен да ги ослободи сите живи затвореници во рок од 72 часа.
Израелската армија почна постепено да се повлекува источно од Газа
Израелската армија започна со постепено повлекување на трупите од Газа и ќе го заврши своето повлекување до локациите наведени во планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во рок од 24 часа.
Се очекува силите да се повлечат источно од Рафа и Кан Јунис (југ) и од областите северно од Појасот Газа и да се приближат до државната граница на Израел
Фидан: Газа мора да биде под палестинска администрација
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан по состанокот за Газа во Париз изјави дека по прекинот на огнот, реконструкцијата и управувањето со Газа треба да ја водат Палестинците, без двоумење или предуслови. Тој предупреди дека меѓународната заедница останува во состојба на готовност поради можноста израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повторно да наметне војна
Зеленски: Русија лансира 30 ракети и над 450 дронови на витална украинска инфраструктура
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека синоќа Русија лансирала повеќе од 30 ракети и над 450 дронови врз витална инфраструктура во Украина.
Според него, повеќе од 20 лица се повредени, а едно дете е убиено во Запорожје.
Трамп се надева на Нобеловата награда за мир
Добитникот на Нобеловата награда за мир за 2025 година ќе биде објавен денеска во 11 часот во Норвешка, а во центарот на вниманието на светските медиуми е желбата на американскиот претседател Доналд Трамп тој да биде добитник на ова признание
Наградата ја добиле четворица негови претходници Барак Обама, Џими Картер, Вудро Вилсон и Теодор Рузвелт.
Eкспертите за Нобелова награда веруваат дека е крајно малку веројатно името на Трамп да биде прочитано во Нобеловиот институт во Осло.
Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.