Петнаесет повредени лица се примени во две клиники по невремето што вчера го зафати Скопје, Вашингтон останува подготвен да бара дипломатски решенија со Иран, изјави Американскиот државен секретар, Марко Рубио, а иранската војска соопшти дека започнала нов бран напади со беспилотни летала врз американските воени објекти во Кувајт…
Слушате дневни Блиц вести, денеска е среда 22 јули
Петнаесет лица повредени во невремето во Скопје, оштетени 117 возила и 35 покриви
Петнаесет повредени лица се примени во две клиники по невремето што вчера го зафати Скопје, од кои девет на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар, а шест на Универзитетската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски”.
Невремето предизвика најголеми последици на подрачјето на СВР Скопје, каде до 22:00 часот се евидентирани 117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари и 10 повредени лица“, соопшти МВР.
Рубио: САД остануваат отворени за дипломатски решенија со Иран
Американскиот државен секретар, Марко Рубио изјави дека Вашингтон останува подготвен да бара дипломатски решенија со Иран, нагласувајќи дека САД се отворени за преговори за решавање на разликите.
Тој додаде дека Иран комуницирал со Вашингтон и директно и индиректно за можноста за разговори насочени кон решавање на тековните тензии.
Фидес ја обвинува новата унгарска влада дека се обидува да ја згасне партијата
Унгарската опозициска партија Фидес на поранешниот премиер Виктор Орбан во вторникот соопшти дека државните обвинители ја пребарале канцеларијата каде што се наоѓаат нејзините интернет сервери, обвинувајќи ја новата централно-десничарска влада дека се обидува да го згасне нејзиното дејствување.
„Таков потег не е виден во Унгарија од 1990 година, крајот на комунизмот“, рекоа од Фидес, додавајќи дека ќе се спротивстават на „тиранијата на партијата Тиса“.
Иран тврди дека уништиле центар за податоци на Амазон во Бахреин
Иранската војска соопшти дека започнала нов бран напади со беспилотни летала врз американските воени објекти во Кувајт, тврдејќи дека целта на нападот била клучна американска база, објави новинската агенција Тасним.
Во извештајот се вели дека нападот бил насочен кон складиштата и „логистичката опрема на командниот центар на копнените сили во кампот Доха“.
И за крај на денешниот блиц…
Изгубен авион пронајден на дното на океанот по 74 години
74 години откако авионот на Пан Американ Ервејс се урна во морето крај брегот на Порторико, тим за воздушна потрага ги пронајде остатоците на океанското дно.
Авионот Даглас ДЦ-4 се распаднал на два дела откако се урнал во океанот кратко по полетувањето од Порторико на 11 април 1952 година, со 64 патници и пет члена на екипажот.
Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи
