| Macedonian
Блиц вести 16.05.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести 16.05.2025
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска сме петок 16 мај

Преговорите во Истанбул ќе продолжат со делегациите на Русија и Украина, но без Путин и Зеленски, а расте притисокот врз Израел за војната во Газа.

Рубио: За крај на војната во Украина е потребна средба меѓу Трамп и Путин

Државниот секретар на САД Марко Рубио го повтори ставот дека војната во Украина ќе заврши само со директна средба меѓу претседателите Трамп и Путин. Тој денес е во Истанбул каде ќе учествува на мировните преговори меѓу делегациите. 

Мицкоски по средбата со Кошта: Достоинствено да влеземе во ЕУ

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски по средбата со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта порача дека земјата мора достоинствено да влезе во ЕУ и дека веќе се направени бројни болни компромиси. Кошта од своја страна порача дека не постои План Б и побара земјата да ги спроведе уставните измени. 

Албанија домаќин на Шестиот сами на Европската политичка заедница

Шестиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ) денес започнува во Тирана, главниот град на Албанија, а ќе учествуваат 47 шефови на држави или влади, како и институции на ЕУ. Ова е прв ваков самит чиј домаќин е држава од Западен Балкан.

Сирија и Светската банка разговараат за обновата по санкциите

Сирискиот министер за финансии Мохамед Јасер разговараше со делегација од Светската банка за обновата на државата по надминување на санкциите. Освен Светска банка и други финансиски институции сега ќе може да почнат програми во Сирија. 

И за крај на денешниот блиц...

Хамас: Ќе ги ослободиме сите затвореници ако тоа стави крај на војната

Басем Наим, високиот политички лидер на Хамас, истакна дека се подготвени да ги ослободат сите затвореници доколку тоа навистина стави крај на војната во Газа од страна на Израел. Верува дека претседателот Трамп може да придонесе да се постигне мир. 

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневен блиц 10.07.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите