| Macedonian
Дневен блиц вести за 28.04.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Дневен блиц вести за 28.04.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за 28 април.

Трамп смета дека Зеленски е подготвен да го отстапи Крим, Канада одржува вонредни парламентарни избори. Израелските сили од седми октомври 2023 убиле над 18 000 жени и 12 400 деца. Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е 27 април.

Трамп: Мислам дека Зеленски е подготвен да го предаде Крим на Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека неговиот украински колега Володимир Зеленски е подготвен да го предаде Крим на Русија како дел од мировниот договор, и покрај тоа што Киев претходно го отфрли предлогот.

Зборувајќи за средбата со Зеленски во Ватикан на погребот на папата Франциск, Трамп рече дека е „изненаден и многу разочаран“ што Русија ја бомбардираше Украина по разговорите меѓу Путин и мировниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф.

Фидан: Туркије ги отфрла иницијативите насочени кон територијалниот интегритет на Сирија

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан вчера изјави дека Туркије ги отфрла сите иницијативи насочени кон територијалниот интегритет на Сирија.

Зборувајќи на заедничката прес-конференција со катарскиот премиер шеик Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани во Доха Фидан рече дека Туркије не прифаќа никакви иницијативи што го поткопуваат суверенитетот на Сирија. Додаде дека нема да биде прифатена никаква иницијатива што дозволува оружјето да се чува надвор од централните власти.

Канада денес одржува вонредни парламентарни избори

Во Канада денеска се одржуваат вонредни парламентарни избори, а анкетите покажуваат дека Либералната партија на премиерот Марк Карни има мала предност пред конзервативците предводени од Пјер Пулиевер.

Конзервативците водеа во анкетите со двоцифрена разлика од 2023 година, но кога поранешниот канадски премиер Трудо ја објави оставката и кога американскиот претседател Трамп ја презеде функцијата, поддршката за либералите почна да расте.

Израелските сили од 7 октомври 2023 година убиле над 18.000 деца и 12.400 жени

Најмалку 65 отсто од Палестинците убиени во тековната израелска воена офанзива врз Газа се жени, деца и постари лица, соопштија локалните власти од Газа.

Во соопштението на Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа се наведува дека израелските сили од 7 октомври 2023 година убиле над 18.000 деца и 12.400 жени, како и дека биле убиени вкупно 2.180 цели семејства. 5.070 други семејства останале со по само еден член. Израелските напади досега ги однеле животите на 1.400 медицински работници, 212 новинари и 750 хуманитарни работници.

Најмалку 35 лица загинаа во американскиот напад врз Јемен

Најмалку 35 лица загинаа, а 50 други беа повредени во американските воздушни напади врз засолниште за африкански мигранти во северната јеменска покраина Сада, соопштија денеска Хутите.

Повредените се хоспитализирани, а повеќето од нив се во тешка состојба.

Уште 30 лица се водат како исчезнати по нападот, објави телевизиската станица „Ал-Масира“, која е блиска до Хутите.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 21.07.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите