| Macedonian
Дневни блиц вести 17.11.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 17.11.2025
Слушате Дневни блиц вести, денес сме понеделник 17 ноември

30. марш за жртвите во Кочани, а Трамп најави можни разговори со Мадуро

Слушате Дневни блиц вести, денес сме понеделник 17 ноември

Марш за ангелите: Правдата и вистината да излезат на виделина

Учесниците на 30. „Марш за ангелите“ во Скопје, во придружба на родителите и семејствата на починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани побараа Правдата и вистината да излезат на виделина, да преземат мерки за ваква трагедија никогаш повеќе дане се повтори.

Полска повеќе нема да ги финансира украинските бегалци

Полскиот претседател Карол Навроцки одби да го обнови законот за помош со кој на украинските бегалци им се дава пристап до социјалните бенефиции. Полска е земја со најбројна популација на украински бегалци по воената агресија на Русија, но поддршката за нив постојано се намалува. 

Фидан: Важна е поддршката на САД за стабилноста на Сирија

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави дека од исклучителна важност е поддршката на САД во овозможувањето на просперитетот и стабилноста во Сирија.

Четворица загинати во руските напади врз Харков и Одеса

Украина соопшти дека најмалку четири лица загинале, а 15 се повредени во руските воздушни напади извршени во текот на ноќта, насочени кон регионите Харков и Одеса.

И за крај на денешниот блиц...

Трамп: Можни се разговори на САД со Мадуро

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се можни разговори со претседателот на Венецуела Николас Мадуро, додека се зголемуваат тензиите и воената ескалација во Карипското Море, поради наводната војна со нарко картелите. 

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 24.07.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите