| Macedonian
Блиц вести за 23.12.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести за 23.12.2025
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за вторник 23 декември.

Трамп вели дека разгoворите меѓу Русија и Украина напредуваат и покрај омразата меѓу Путин и Зеленски. ЕУ ја поддржува Данска откако САД назначија специјален престатавник за Гренланд. Италијански мировници ќе учествуваат во обновата на Газа. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за вторник 23 декември.

Трамп: Разговорите меѓу Русија и Украина напредуваат и покрај огромната омраза меѓу Путин и Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека разговорите меѓу Русија и Украина продолжуваат, но призна дека длабоките тензии меѓу двете страни го попречуваат напредокот.

„Постои огромна количина омраза меѓу овие двајца лидери, меѓу претседателот Путин и претседателот Зеленски има огромна количина омраза. И покрај овие предизвици, дијалогот продолжува”, изјави Трамп.

Русија вети поддршка за Венецуела по поморската блокада од САД

Русија ќе ја поддржи Венецуела околу поморската блокада од САД

Москва издаде остро предупредување за присуството на американската морнарица, велејќи дека акциите на Вашингтон имаат „далекусежни последици“ за регионалната стабилност и претставуваат директна закана за меѓународниот поморски транспорт.

Дипломатското усогласување доаѓа откако Трамп го објави распоредувањето на „најголемата морнарица некогаш составена во историјата на Јужна Америка“.

ЕУ ги поддржува Данска и Гренланд откако САД назначија специјален претставник

Европската унија вчера изрази солидарност со Данска и Гренланд по најавата на САД за специјален претставник на територијата.

„Гренланд е автономна територија во Кралството Данска. За сите промени на тој статус одлучуваат само граѓаните на Гренланд и Данска“, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, на платформата на американската компанија за социјални медиуми X.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги повтори забелешките, велејќи дека безбедноста на Арктикот останува клучен приоритет за ЕУ.

Кина возврати на заканата за санкции од украинскиот претседател Зеленски

Пекинг одговори на заканата за санкции врз кинески поединци од страна на украинскиот претседател Вoлaдимир Зеленски.

„Ја повикуваме украинската страна веднаш да ги исправи своите грешки. Кина ќе ги брани легитимните и законски права и интереси на кинеските компании и државјани“, рече портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Лин Џиан.

Коментарите на Пекинг дојдоа откако Зеленски изјави дека Украина „подготвува уште неколку одлуки за санкции против руски субјекти и оние кои ја поддржуваат руската агресија до крајот на оваа година“.

Тајани: Италија е замолена да испрати мировници во Газа

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, потврди дека од италијанскиот воен персонал е побарано да ја поддржи идната реконструкција или транзициските напори во Газа и Палестина.

“Нашето присуство е побарано во Газа и Палестина за време на која било идна реконструкција или транзициска фаза. Ова е слично на признанието што нашите сили го добија во Србија, Косово, Албанија и Црна Гора“, додаде тој.

 Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.

 

 

 

 

 

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 15.05.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите