| Macedonian
Блиц вести 25.07.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести 25.07.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за петок 25 јули
25 јули 2025

Масовен протест во Тел Авив за прекин на огнот и враќање на израелските заложници од Газа, САД против планот на Макрон да ја признае Палестинската држава, Трамп ја намалува надворешната помош и федералното финансирање, Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за петок 25 јули.

Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа прекин на огнот и враќање на израелските заложници од Газа

Илјадници демонстранти се собраа на плоштадот Хабима во Тел Авив, Израел, вчера, барајќи враќање на израелските заложници од Појасот Газа.

Демонстрантите ја повикаа Владата да постигне прекин на огнот и да обезбеди ослободување на сите заложници.

Отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, израелската армија спроведува брутални напади врз Газа од крајот на 2023 година, во кои се убиени повеќе од 59.000 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.

САД против планот на Макрон да ја признае палестинската држава

САД возвратија на најавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека Франција формално ќе ја признае палестинската држава на Генералното собрание на ОН во септември.

„САД остро го отфрлаат планот на Емануел Макрон за признавање на палестинска држава на Генералното собрание на ОН. Оваa неодговорна одлука служи само на пропагандата на Хамас и го загрозува мирот. Тоа е шлаканица во лицето на жртвите од 7 октомври“, напиша државниот секретар Марко Рубио на X.

Махмуд Абас го отфрли обидот за насилно раселување на Палестинците

Палестинскиот претседател Махмуд Абас вчера го отфрли секој обид за насилно раселување на Палестинците од Појасот Газа или за анексија на окупираниот Западен Брег, а воедно ја повика меѓународната заедница да ја запре „геноцидната војна“ на Израел.

Во говорот емитуван од Палестинската телевизија, Абас рече дека палестинскиот народ во Газа ја преживува „најлошата хуманитарна катастрофа во ова време“ и нагласи дека глобалното молчење пред израелските акции овозможило масовно страдање.

„Она што се случува во Газа - убивањето, гладувањето, уништувањето и присилното раселување - е срам за меѓународната заедница ако не дејствува веднаш за да го запре овој геноцид“, рече тој.

Зеленски: Руската војска нема голем напредок на фронтот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русите не постигнале значаен напредок на фронтот и дека се обидуваат да го надоместат тоа со воени информативни операции.

„Тие не напредуваат. Многу е тешко за нашите момци таму. И е тешко насекаде. И е многу тешко за Русите, И Русите не сакаат да се борат. Освен за нивното раководство. И сето ова се чувствува. Тие навистина се обидуваат да направат пробив. Немаат сериозни пробиви“, рече Зеленски во обраќањето до новинарите, како што објави денес Укринформ.

Тој рече дека руската армија, во воените информативни операции, снима видеа на кои може да се види група војници како влегуваат во дел од украинската територија, каде што го поставуваат руското знаме, иако не остануваат долго на таа позиција.

Трамп ја намалува американската надворешна помош и федералното финансирање

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша закон за поништување со кој се намалуваат 9 милијарди долари од веќе доделената надворешна помош и финансирањето на јавните радиодифузни средства. Ова е прв пат по децении Конгресот да одобри барање на претседател за поништување на претходно одобрени средства, објавија дел од американските медиуми.

Законот вклучува намалување од околу 8 милијарди долари од програмите за странска помош, вклучувајќи ја и Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), по широко критикуваните потези за уништување на агенцијата.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com

 

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 16.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот