| Macedonian
Блиц вести 22 август
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести 22 август
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за петок 22 август.
22 август 2025

 Најмалку 25 лица загинаа во новите израелски напади врз Појасот Газа, Израел го одобри планот за окупација на градот Газа, Словачка и Унгарија очекуваат петдневен прекин во снабдувањето со руска нафта. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за петок 22 август.

Најмалку 25 загинати, десетици повредени во нови израелски напади врз Газа

Израелската армија уби најмалку 25 лица од раните утрински часови низ Појасот Газа.

Медицински извори изјавија дека 12 лица, вклучувајќи жени и деца, биле убиени, а десетици повредени кога израелската артилерија гранатирала училиште во кое биле засолнети стотици раселени цивили во населбата Шеик Ридван во градот Газа.

Пет члена на едно семејство, меѓу кои и три деца, беа убиени во израелски напад врз шатор за раселени лица во истата населба.

Израелската армија нападна станбена зграда во бегалскиот камп Шати, западен град Газа, при што загинаа палестински брачен пар и нивните две ќерки.

Во југоисточниот дел на градот Газа, израелски авиони погодија група цивили во населбата Сабра, при што загинаа мајка и син, додека во друг напад врз куќа во истата област загинаа и беа повредени неколку други.

Израелскиот кабинет го одобри планот за окупација на градот Газа

Израелскиот кабинет на вчерашниот состанок го одобри планот за окупација на градот Газа, изјави денеска министерот за одбрана Израел Кац.

„Портите на пеколот ќе се отворат за Хамас ако не се согласи со условите на Израел за завршување на војната, првенствено ослободување на сите заложници и разоружување. Ако не се согласат, Газа, главниот град на Хамас, ќе стане Рафа и Бејт Ханун “, објави Кац на „X”.

Планот предвидува принудување на речиси 1 милион Палестинци кон југ, опкружување на градот и извршување копнени напади во станбени области.

Алиев: Азербејџан секогаш мора да биде подготвен за војна

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев изјави дека земјата мора да биде подготвена за војна во секое време, нагласувајќи дека националната безбедност зависи од државата, народот и вооружените сили.

„Нашите вооружени сили стојат на стража над интересите и безбедноста на нашата држава секоја минута и секој ден. Ние ги следиме и ќе продолжиме да ги следиме можните извори на закани“, рече вчера Алиев за време на посетата на регионот Калбаџар.

Унгарија и Словачка очекуваат петдневен прекин во снабдувањето со руска нафта

Министрите за надворешни работи на Унгарија и Словачка, Петер Сијарто и Јурај Бланар, денеска објавија дека снабдувањето со нафта од Русија преку нафтоводот Дружба може да биде суспендирано најмалку пет дена, по најновиот украински напад врз објект во Русија.

Во писмо, Сијарто и Бланар ја повикаа Европската комисија да ја гарантира безбедноста на снабдувањето со нафта.

„Физичката и географската реалност е дека без овој нафтовод, безбедното снабдување на нашите земји едноставно не е можно“, се наведува во писмото на Сијарто и Бланар.

Трамп им се придружи на патролите на полицијата и војската во Вашингтон

Американскиот претседател Доналд Трамп им се придружи вчера на полициските и воените сили во патролирањето на улиците на Вашингтон.

Трамп претходно во радио емисијата шоуто на Тод Старнс ги бранеше своите мерки за намалување на криминалот од критичарите.

„Мислам, погледнете, за четири дена во Вашингтон, го намалив криминалот. Се што велат е дека сум диктатор“, рече американскиот претседател.

Изјавите на Трамп дојдоа откако тој прогласи „криминална вонредна состојба“ во Вашингтон во август, ставајќи ја Метрополитенската полиција под федерална контрола и распоредувајќи 800 членови на Националната гарда на улиците.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 16.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот