| Macedonian
Дневен блиц за 29.05.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Дневен блиц за 29.05.2025
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски јазик за четврток 29 Мај.
29 мај 2025

Трајко Славески е избран за нов гувернер на Народната Банка. Елон Маск се повлече од американската администрација, најмалку 11 Палестинци загинаа во израелскуте напади врз Газа. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски јазик за четврток 29 Мај.

Трајко Славески избран за нов гувернер на Народнта Банка

Универзитетскиот професор Трајко Славески е шестиот гувернер на Народната банка на Северна Македонија. Парламентарното мнозинсто со 68 гласови „за“ и 16 „против“ го верификуваше неговиот седумгодишен мандат.

Славески на оваа функција преминува од претседателското столче во Советот на Град Скопје, каде што влезе по изборите во 2021 година како носител на советничката листа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Илон Маск се повлече од администрацијата на американскиот претседател

Милијардерот Илон Маск официјално соопшти дека се повлекува од својата улога како главен советник на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Завршува мојот предвиден ангажман како специјален владин службеник и би сакал да му се заблагодарам на претседателот за можноста да придонесам во намалувањето на непотребното трошење“, напиша Маск во соопштението објавено на платформата Х.

Трамп побарал од Нетанјаху да не презема мерки против Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не презема мерки против Иран што би можеле да ги загрозат преговорите за иранската нуклеарна програма.

Њујорк тајмс“ објави дека Нетанјаху се заканува дека ќе ги нападне главните нуклеарни постројки на Иран, што потенцијално ќе ги наруши нуклеарните преговори меѓу САД и Иран.

Иран и САД се ангажирани во нуклеарна дипломатија во последните два месеци, а Оман посредуваше во пет рунди индиректни разговори во Мускат и Рим.

Најмалку 11 Палестинци загинаа во израелските напади врз Газа

Најмалку 11 Палестинци беа убиени во израелските воздушни напади низ Појасот Газа рано утрово, објави официјалната новинска агенција Вафа.

Седум лица, вклучувајќи жени и деца, беа убиени во воздушен напад врз куќа во сопственост на семејството Азам во северниот град Џабалија во Појасот Газа.

Израелската војска, отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, спроведува катастрофална офанзива во Газа од октомври 2023 година, во која загинаа повеќе од 54.000 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.

Рано гласање на предвремените претседателски избори во Јужна Кореја

Во Јужна Кореја денеска започна рано гласање за предвремените претседателскит избори кои треба официјално да се одржат на 3 Јуни. Граѓаните треба да одлучат кој ќе биде на оваа позиција во следните пет години откако Јун Сук Сеол беше отстранет од функцијата по неуспешниот обид за воведување вонредна состојба во декември.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Блиц вести за 04.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот