| Macedonian
Израел приведува Палестинци во критична здравствена состојба, а Алжир бара Франција да ги признае колонијалните злосторства
00:00
00:0000:00
Свет
Израел приведува Палестинци во критична здравствена состојба, а Алжир бара Франција да ги признае колонијалните злосторства
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е понеделник, 30 декември

Министерството за здравство во Газа соопшти дека израелските сили привеле четворица палестински пациенти кои требало да бидат префрлени од индонезиската болница на северот на Газа до болницата Ал-Шифа. Транспортот на пациентите бил организиран од Светската здравствена организација. Од 10-те пациенти, четворица се приведени, од кои еден е во критична состојба.

Јужнокорејските истражители бараат судот да издаде налог за апсење на претседателот Јун Сук-Јол што би било историски момент за земјата. Тој на неколку наврати ги одбил повиците да биде сослушан. Јун е суспендиран од функцијата претседател додека трае процедурата за импичмент, а се соочува со обвинение за државен удар и предавство, откако прогласи воена состојба и се обиде да ја презеде контролата над институциите. 

Азербејџан побара одговорност и компензација од Русија по падот на патнички авион како последица на употребата на руски ракетен систем. Претседарателот Илхам Алиев поврди дека авионот на Азербејџан ерлајнс бил оштетен во близина на Грозни на руска територија. Тој рече дека очекува Русија да се соочи со несреќата и ги повика одговорните да платат оштета. 

Џими Картер, поранешниот американски претседател почина на 100-годишна возраст. Картер функцијата ја вршеше во еден мандат од 1977 до 1981 година откако на изборите го победи Џералд Форд. Следните избори ги загуби од републиканскиот кандидат Роналд Реган. По функцијата животот го посвети на хуманитарни активности. Тој е досега најдогловечниот екс претседател во историјата на САД. 

И за крај на денешниот блиц...

Алжирскиот претседател Абделмаџид Тебуне ја повика Франција да се соочи со својата колонијална историја и да ги признае злосторствата во периодот од 1830 до 1962 година додека неговата земја била под француска власт. „Ние го следиме достоинството на нашите предци“, рече Тебуне и посочи дека Алжир не бара парична оштетата, туку само признание.вв

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневен блиц за 28.05.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите