| Macedonian
Блиц вести 18.02.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести 18.02.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е вторник, 18 февруари
18 февруари 2025

Палестинците одбележуваат 500 дена од израелската геноцидна војна во Газа, со безмилосно страдање и раселување. Над 2 милиони луѓе се соочуваат со неизвесна иднина бидејќи Израел и нивните американски сојузници стојат цврсто во ставот за етничко чистење на населението во Газа.

Марко Рубио, државниот секретар на САД разговараше со Мохамед бин Салман во Ријад за планот на Трамп за преселување на жителите на Газа на кој се спротиставија арапските земји. Тие ја потврдија посветеноста за прекин на огнот и дискутираа за други предизвици.

Владимир Зеленски, претседателот на Украина ја посети Туркије каде се сретна со претседателот Ердоган, разговарајќи за меѓусебните односи и стратешкото партнерство, и зајакнување на соработката. Додека траат разговорите за украинската војна без учество на Киев меѓу САД и Русија, Анкара се позиционира како клучен регионален дипломатски играч. 

Обединетите нации побараа 6 милијарди долари за спречување на хуманитарна катастрофа во Судан по разорната војна, ризикот од екстремен глад и масовната миграција. Ова е двојно повисок буџет од претходната година во време кога се крати на меѓународната помош иако треба да бидат опфатени над 20 милиони луѓе.

И за крај на денешниот блиц...

Во Ријад главниот град на Саудиска Арабија започнаа разговорите меѓу Русија и САД, чија цел е да се поправат односите меѓу двете нации и да се реши конфликтот во Украина.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 16.04.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите