| Macedonian
Блиц вести 20.02.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Блиц вести 20.02.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е среда, 20 февруари
20 февруари 2025

Претседателот Доналд Трамп повика Украина да одржи избори и претседателот Владимир Зеленски го нарече диктатор. Нивниот јаз се проширува откако Соединетите Американски Држави  се вклучија во мировни преговори со Русија без учество на Киев.

Премиерката на Италија, Џорџија Мелони, му ја нагласи на израелскиот претседател Исак Херцог важноста на одржувањето на прекинот на огнот во Газа. Мелони во премиерската палата Чиги во Рим се сретна со Херцог, кој престојува во официјална посета на Италија.

Илон Маск, висок советник на американскиот претседател Доналд Трамп, го обвини украинскиот претседател Владимир Зеленски за убиство на американски новинар. Тој ја сподели објавата од профил кој тврди дека новинарот Гонзало Лира бил убиен во Украина минатата година поради наводно критиките кон Зеленски.

Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас рече дека неговата земја „не е на продажба“ и ги отфрли сите повици за раселување на палестинскиот народ. Тој учествуваше на Самитот на Африканската унија во Адис Абеба, каде го потврди цврстиот став на Палестина.

И за крај на денешниот блиц...

Американскиот сенатор Берни Сандерс тврди дека претседателот Доналд Трамп и американските олигарси се во „отворен сојуз“ со рускиот претседател Владимир Путин и руските олигарси. Тој обвини САД ги напуштаат сојузниците, го поддржуваат авторитаризмот и ги поткопуваат демократските традиции.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Блиц вести за 04.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот