| Macedonian
Дневни блиц вести 11.03.2025
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 11.03.2025
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е вторник, 11 март
11 март 2025

„X“ доживува големи пореметувања ширум светот за кои сопственикот Илон Маск рече дека се резултат на „голем сајбер напад“ кој би можел да биде дело на државен актер. Маск смета дека е вклучена голема, координирана група и/или земја.

Престолонаследникот на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман и американскиот државен секретар Марко Рубио разговараа за напорите и начините за постигнување безбедност и стабилност во регионот. САД се еден од посредниците - заедно со Катар и Египет - во процесот на прекин на огнот меѓу Израел и палестинската група Хамас.

Студенти вчера ја блокираа зградата на Радио телевизијата на Србија (РТС) во Белград, најавувајќи дека блокадата ќе трае 22 часа. Тие на социјалната мрежа Инстаграм објавија дека излезот ќе биде овозможен на сите вработени. Студентите ги поканија граѓаните кои сакаат да остават донации да го сторат тоа на блиските факултети како што се Машинскиот, Правниот и Техничкиот факултет.

Израелската војска објави дека извршила напади врз јужна Сирија во текот на ноќта и дека погодила „радарски системи и опрема за откривање што се користат за снимање разузнавачки информации од воздух“, како и „штабови и воени локации со оружје и воена опрема на режимот во јужна Сирија“.

И за крај на денешниот блиц...

Сириското претседателство потпиша договор меѓу претседателот Ахмед Шара и Фархад Абди Шахин, со кој се нагласува единството на сириските земји и се отфрла поделбата. Договорот предвидува интеграција во институциите на Сириската Арапска Република и територијално единство.

Тоа е се за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Блиц вести 05.12.2025
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот
БалканКаст: Ѕвезда хуманитарно во Скопје, публиката желна за регионален фудбал
БалканКаст: Како да се зауздаат дивите возачи и нивните родители?